|

Симеон Златев – Моне: Предметите наследени од генерациите се квасец во лебот наш насушен

Симеон Златев Моне е основач на Најмалиот етноошки музеј во светот, лоциран во с. Џепчиште, Тетово. Освен што е чувар на традицијата и убавото, Моне е расакажувач на стари и необични приказни и досетки, човек  кој предметите од Музејот ги оживеа и преку стих. Неодамна излезе од печат неговата книга „365 аманети“, резултат на серијалот „Најмал етнолошки музеј 365“ на порталот . За cooltura.mk  Златев зборува за Музејот, за песните, стиховите, предметите и за аманетите кои се многу повеќе од 365.

Инаку Златев е автор и на  серијалот „У катакомбете на Тетоо“ – тетовски хумор и сатира, а во моментов на порталот dobrivesti.mk оди и неговиот серијал „365 значки“.

За книгата „365 аманети“ Васко Марковски – новинар и филолог ќе запише: „„Во овие осумдесетина страници, читателите добиваат речник на подзаборавени и никогаш чуени зборови од македонскиот јазик. Оваа книга, доследно на четирите книги што ѝ претходат, е каталог на необични и подзаборавени предмети кои сме ги гледале во домовите на нашите дедовци и баби, но не сме знаеле за што се користеле. Во неа ќе најдете 365 минијатурни интимни приказни – херојски, момински, дамнешни, вечни, за верата, за љубовта, за надежта“.

Каков беше предизвикот секој ден да се смислуваат хаику-стихови за по еден предмет од Вашиот музеј? Сепак, се чини не е лесно во строго одреденото тристишје (5-7-5) да сместите зборови како аван, рачник, барабан, чукало, утија…?

- Кога  Васко Марковски уредникот на dobrivesti.mk на 01 јануари 2012 година ми предложи да учествувам во неговиот проект, секој ден со по еден предмет од најмалиот етнолошки музеј во светот, лоциран во ,јас не размислував многу, туку веднаш ја прифатив понудата. Проблемот ми се јави кога фотографиите кои ги снимаше Драги Неделчевски од Тетово, требаше да се поддржат со некаков  текст.  Васко знаеше дека пишувам  поезија, наменски за предметите од музејот, а во тоа време започнав да ја истражувам и јапонската книжевна вештина хаику, па се договоривме поддршката да биде таа. Така од 14 јануари 2012 година секој ден на страницата излегуваше по еден предмет ,поддржан со хаикуто.Јас сум човек кој многу одговорно се однесува до поставените задачи,но исто така имам внатрешна сила  – инспирација да го реализирам тоа на достоен начин. Во почетокот некогаш составував по неколку текстови на ден,а некогаш се мачев со часови да создадам само еден.Тоа беше во првите неколку месеции, за потоа да  ми стане забавно и интересно, како некоја игра.Најтешко било кога со неколку зборови треба да се каже се’ и повеќе од тоа, а притоа да биде во ритмот 5/7/5.

365_amaneti_simeon_zlatev_mone

За ризницата на Музејот пишувавте и во Вашите претходни поетски книги „Етно бројаница“ и „Етно ризница“. Кому се наменети овие стихови? На помладите генерации, на домашните, на странците, што порачувате со нив..?

- Книгите излегоа од мојата душа спонтано, како продукт на љубовта кон предметите од нашето минато.Тие  се бесплатно  подарувании и наменети за луѓето независно од годините и  различноста на јазиците и верите, односно на сите што на свој начин го поддржуваат музејот. Верувајте научив од очите на луѓето да ја видам искреноста и така подарокот да замине во вистинските раце. Не можам да го заборавам семејството Лагрене  од градот Кале од Франција, со кои разменивме подароци – книги, иако не си ги знаевме јазиците на кои зборуваме.

Во повеќе од дведецениското постоење, Музејот во Џепчиште го посетиле повеќе од 20 илјади луѓе. Имало ли посебни средби, анегдоти, посебни аманети оставени за Вас?

- Музејот постои 23 години и е посетен од луѓе од скоро сите континенти. Тој го претстави нашето етнолошко богатство на 22 изложби ширум Македонија како и во соседството. Непријатности немало,  влезот е слободен,може да се напиете кафе или чај, да побарате предмет или да се сликате во стара тетовска носија. Анегдоти или случки има  повеќе .Пред  неколку  години една телевизиска куќа најави дека сака да направи документарна емисија за музејот, снимањето би било неколку денови, јас се сложив и се подготвив  за настанот. Екипата дојде и почна да снима според нивното сценарио. Тогаш не знам како, но мене ми дојде идеја да предложам нешто, па ги прашав, дали може да се измени или сценариото ? Никако – ми одговорија – но  во паузата ме прашаа – а која е вашата идеја?.  Предложив другиот ден амбиентот да  се пополни со изворна песна на вокалното трио  ПОДГОР од Џепчиште. Реакцијата беше – што зарем има таков состав ?! Така,  утредента песната се разнесе по селото, како да се случува музички натпревар во Музејот.

Минатата година англиската телевизиската куќа СКАЈ во Музејот го  снимаше серијалот „По патеките на Марко Поло“ со најкусиот актер на светот Ворвик Дејвис – познат по улогите  во „Хари Потер“ и „Господар на псртените“ и др.

Годинава Италијанскиот автор Валерио Милефолје и неговиот книжевен агент Моника Малетеста ќе ја објават книгата со најинтересните нешта во светот,  каде што е застапен и најмалиот музеј во светот од  ЏепчиШте -Тетово, Република Македонија. Најмалиот музеј и неговите поданици – предметите се најдоа во повеќе семинарски работи и две дипломски  на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  Скопје, еден магистарски труд во Виена и една докторска дизертација.

najmal_etnoloski_muzej_dzepciste_warwick_davis

Кој е најстариот предмет што го чувате во Музејот и што тој раскажува?

Најстарите предмети се делови на керамика стари повеќе векови, пронајдени со површински наод во тетовско,. Тие се подарок од Стојан Костадиновски, историчар на уметноста, кој стручно го уреди Музејот, според содржината и просторот.

359-Chukalo_najmal_etnoloshki_muzej_dzepciste

Како ги собиравте сите тие предмети, а како приказните со нив?

- Дел од предметите се наследени од повеќе генерации на моето и семејството на сопругата,тие  се како квасец во лебот наш насушен, дел со децении  сум ги откупувал од антикварници, специјализирани пазари, поединци, а дел се и  донација од поединци.   Мирјана-внуката  на познатата тетовска убавица Благуња – позната по песната „Благуњо дејче Пожаранче “ ми подари бакарни предмети со кои се служела  Благуња. Се сеќавам еден ден ми гостуваше црковниот хор  на св. Димитрија од Скопје, кои по тој повод спонтано ја отпееја песната за неа.

362-Blagunja_najmal_etnoloshki_muzej_dzepciste

Благуњо дејче
ко тетовско јабуче —
песна остана.

Александра Јуруковска

фото:dobrivesti.mk

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=45188

Posted by on Feb 10 2014. Filed under Настани, Став, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1