|

Маја Глигоровска (АППТ): За странците се спектакуларни Галичката свадба, Вевчанскиот карневал и македонската порција

Во текот на 2013 година АППТ посети 14 интернационални саеми за туризам низ светот, склучи договори со бројни медиуми за рекламирање на туристичките можности и капацитети и организираше огромен број на ФАМ тури. За Македонија дознаа навистина многу луѓе, а за тоа зборува и бројот на туристи кој се’ повеќе расте.

maja_gligorovska_pr_appt

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е владина организација чија основна функција е промоција на туристичките ресурси и капацитети на Република Македонија на меѓународно ниво. Во дел од таквата промција спаѓа и културната понуда, која за странците е подеднакво интересна и атрактивна како и македонските храна, вино или познатото македонско гостопримство – вели за cooltura.mk, Маја Глигоровска портпарол на АППТ.

Колку културните манифестации и настани од Македонија може да бидат интересни за странските туристи?

- Има гости кои ја посетуваат Македонија токму со таа цел, да бидат дел од настаните, да сведочат за една долговековна традиција.За многу странции се неверојатно интересни, па дури и спектакуларни Галичката свадба, Вевчанскиот карневал, Охридскoто лето, Струшките вечери на поезијата, Мајските оперски вечери, Баскерфест, Струмичкиот карневал, Пивофест и уште многу, многу други. Секоја земја има специфична култура и традиција. Нашата е токму во овие настани и доколку не ги негуваме и не вложуваме во нив, ќе исчезнат, а со тоа ќе исчезне и нашата традиција.

Колкав е интересот за посета на културните институции, локалитети, дали и тие спаѓаат во претставувањето на нашата земја ?

- Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија меѓу другите обврски, ја има обврската да организира ФАМ тури за потенцијални тур- оператори, новинари и инвеститори. Целта е да ја запознаат Македонија со сите можни убавини што таа може да ги понуди, а факт е дека и голем дел од нас не ги знаат. Турите најчесто почнувааат од Скопје или Охрид од причина што во тие градови има аеродроми, а гостите кога ќе пристигант треба прво да се опуштат, па потоа да почнат со разгледување на зејата. Во зависност од нивниот интерес, ние се трудиме да ги однесеме буквално во секој град во државава, но сепак, се зависи од времето кое го имаме на располагање. Куќата на Мајка Тереза е една од атракциите кои не можат да се изостават. Приказната продава во повеќето ситуации, но конкретно во случајот со Мајка Тереза, она што продаве е – вистината. Со градењето и чувањето на културните институции и знаменитостите  ние сме во можност достојно да ја преставиме нашата вековна историја и клутура на сите добронамерници кои доаѓаат во нашата држава.

spomen_kuka_majka_tereza

Може ли да се изделат неколку македонски атрибути  кои секогаш предизвикуваат љубопитство и симпатии кај странците?
- Некои од работите кои не’ издвојуваат како туристичка дестинација се љубезноста на луѓето, малото растојание помеѓу поважните клутурни и историски знаменитости и одличната храна. Нема човек што дошол во Македонија, а да не го потенцира токму тоа. Македонците навистина ги сакаат и почитуваат дојденците и нивното искуство од земјата од каде потекнуваат.

Странците пак се воодушевени од тоа што не трошат многу време од една до друга туристичка точка. За еден час може да скијаат на Маврово или Пелистер и да се капат во Охридско или Преспанско езеро. Тоа е бесценето. Времето го трошат на конкретни работи, не во патување. Додека храната, таа ги пополнува сите можни недостатоци. Пријатно се изненадени од количината на македонската порција и воодушевени од вкусот и мирисот на природното. Македонија нуди палета задоволства. Ова се само еден мал дел од нив.

Bike tour 1_APPTpolneti_patljidzani_attp

Дали на саемите за туризам, Македонија ја промовирате целосно или по региони и сегменти?

- Агенцијата има задача да го промовира и поддржи туризмот на ниво на цела држава. Една од алатките со кои го прави тоа се саемите. Во зависност од тоа на кој саем ја промовираме Македонија, каков интерес има, тоа и го промовираме. Македонија е релативно мала земја во поглед на површина и токму затоа најчесто пристапуваме кон целосна промоција, наместо регионална. Секој регион си има своја специфика. Не можеме на луѓето да им кажеме дека во Охрид ќе го почувствуваат душевниот мир, а да не кажеме дека во Берово ќе го дишат најчистиот воздух, во Тиквешкиот регион ќе го пијат најубавото вино, а во Битола ќе го испијат најубавото кафе. Навистина е неизводливода се споменат само неколку работи, кога во Македонија има толку многу интересни и за многумина се уште неоткриени убавини.

mk_saem_za_turizam

Кои настани ги реализиравте оваа година и е планирано според агнедата?
- Во текот на 2013 година,помеѓу другото, бевме сконцентрирани на со кои ја промовираме Република Македонија на странските пазари. АППТ посети 14 интернационални саеми за туризам низ светот, склучи договори со бројни медиуми за рекламирање на туристичките можности и капацитети и организираше огромен број на ФАМ тури, посети на новинари, работилници, презентации и бизнис форуми од кои ефектот е огромен. За Македонија дознаа навистина многу луѓе, а за тоа зборува и бројот на туристи кој од година во година се’ повеќе расте.

Во второто шестмесечје од 2014 година, ќе се фокусираме на делот „Поддршка”. Во предложената програма до Владата на Република Македонија, АППТ има наведено проекти кои ќе помогнат за побрз развој на туристичките капацитети и ќе поттикнат акции во насока на придвижување на туризмот по нагорна линија.

Во текот на 2014 година ќе се работи на стратегии за развој на алтернативни форми на туризам, но и ќе ги вмрежиме приватните етно –збирки и ќе ги довршиме веќе започнатите проекти за мапирање и обележување на планинарски и велосипедски патеки со комплетно изработени водичи за истите. Покрај тоа што ќе поддржиме културни, забавни, спортски и еколошки манифестации со меѓународен карактер, ќе се фокусираме на работата за конечно да создадеме берза за туристички работници. Ќе помогнеме да се развијат и промовираат авто камповите, а проектот ,, Изнајми викендица – стан“  е- пазар, ќе влезе во својата завршна фаза со што ќе бидат евидентирани и класифицирани сите природни убавини, културно наследство и традиционални манифестации специфични за конкретни места.

macedonia_timeless_stand_saem_turizam

stranski_novinari_gosti_na_APPT

Александра Јуруковска

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=46458

Posted by on Mar 11 2014. Filed under Настани, Став, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1