|

Изложба и проекција на етно филмови во Битола

Денеска (четврток, 17 јули) во 21:00 часот во Магаза ќе се одржи изложба и проекција на етно филмови во организација на здружението „Eковаст“.

pokana_ekovast_bitfest

Изложбата на фотографии „Природното и културното наследство“ – развоен потенцијал претставува израз на долгогодишна соработка помеѓу двата збратимени градови Пожаревац, Република Србија и Битола, Република Македонија. Оваа меѓународна активност е претставена преку соработка на Народниот музеј од Пожаревац и НУ Завод и Музеј – Битола организирана од страна на ГЗ Ековаст (Европски совет за села и мали градови) – национална секција за Република Македонија, реализирана со нивно заедничко претставување во рамките на манифестацијата БИТФЕСТ 2014.

Активноста на ЕКОВАСТ е фокусирана врз заштитата на природното и културното наследтво со цел нивна заштита и промоција и подигнување на јавната свест за истите. Исто така, нејзина цел е поврзување на индивидуалците, невладините организации и инстуитуциите од областа на културата на Балканот, со акцент на етнологијата како наука и професија. Оваа изложба прикажува фотографии на богато природно и културно наследство од антропогеографските региони на Битола и Пожаревац, преку кои може да се изгради впечаток за различностите и сличностите на природната средина и културните традиции на овие два балкански региони.

Природното и културното наследство претставуваат два неделиви дела на една целост. Тоа го потврдуваат и меѓународните конвенции на УНЕСКО кои иницираат проучување на природното и културното наследство како интерактивна целина. Природната средина и човековата активност-култура и традиција на нашите балкански простори се тесно поврзани со меѓусебна интерактивност и влијанија кои се должат на релативно малиот географски простор, густата населеност и честите миграции низ вековите.

Целта на оваа заедничка изложба е да се претстави значењето и вредноста на природното и културното наследство како економски развоен потенцијал за една област, да се разбуди свеста за нивна заштита и да се иницира правилна употреба на истото со цел идните генерации да наследат потенцијал кој ќе овозможи развој на алтернативните видови туризам што ќе го потпомогне и локалниот економски развој.

Изложбата ја нагласува брзата промена на животната средина и последиците врз природното (флората и фауната) и културното наследство (традиционалната станбена и сакрална архитектура, култните места и традиционалните обичаи) во регионите Хомоље, Млава и Стиг во Република Србија и пелистерската и преспанската област во Република Мкаедонија.

Да ги заштитиме нашите природни и културни богатства преку истражување, едукација и со директни активности врз заштита на истите, со цел идните генерации да наследат упоптребливи, а не уништени вредности.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=51699

Posted by on Jul 17 2014. Filed under Етнологија, Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1