|

Одржана манифестацијата „Ревија на народни носии, песни и инструменти“

Во манастирскиот комплекс на Црквата Св. Спас во Црешево, по седми пат се одржа манифестацијата „Ревија на народни носии, народни инструменти и песни“, која како единствено културно случување од ваков вид во Република Македонија, излегува од рамките на посетеност само на жителите од општина Гази Баба.

revija_na_narodni_nosii_pesni_instrumenti

 

Манифестацијата ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, а големиот број на посетители имаа можност да се воодушевуваат од спојот на прекрасниот колорит на македонската народна носија, звуците на народните изворни инструменти, на прекрасните гласови на нашите македонски песнопојци и на орото, она кое како традиција се пренесува од колено на колено од нашите претци на младите генерации, како и на народните умотворби.

На сцената продефилираа машки и женски модели кои носеа носии од повеќе краеви на Република Македонија.

Оркестар на изворни инструменти, оркестар чалгии, староградски (тамбурашки) оркестар, , КУД „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, солистите на изворни инструменти, Роберт Ангеловски на кавал и Стојанче Костовски на гајда, Ирена Спасовска, Ванчо Тарабунов, Душко Георгиевски , Аце Трифуновски, Перо Цаца и легендата на македонската естрада, Виолета Томовска, се погрижија публиката да ги слушне старите изворни песни, отсвирени на изворни инструменти и македонски староградски песни, а играорците со нивните изведби да не вратат во минатото, кога орото го отсликувало начинот на живеење, радоста, тагата и маката на македонскиот народ.

Доајените на македонското актерство, Ѓокица Лукаровски и Снежана Коневска Руси, изведоа драматизација на умотворби од македонското народно творештво, собрано во делата на Марко Цепенков.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=53532

Posted by on Aug 31 2014. Filed under Етнологија, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1