|

Една друга перспектива за отворањето на “Браќа Манаки”

Уште еден доказ дека скандалите, дури и кога реално ги нема, се тие кои билдаат читаност и се центарот на вниманието на критичката јавност…

manaki sala 2014

Викендов во Битола се отвори 35-то издание на фестивалот “Браќа Манаки”. Навистина бев непријатно изненаден кога видов текст кој се однесува на Првата фестивалска вечер и Свеченото отворање.

Имено, во истиот се вели дека: “На свечено отворање на “Браќа Манаки“ се случи непријатност. Имено, кога заврши официјалниот дел и беа доделени наградите на оскаровците, додека екипата на МТВ ги пакуваше камерите, голем број на “љубители“ на филмот, додека се прикажуваше проекцијата на  “Облаците на Силс Марија“ во кој главната улога ја игра токму Жулиет Бинош, некултурно  ја напуштија салата па така проекцијата на филмот на оскаровката Жулиет Бинош се одвиваше во речиси полупразна сала.

Факт е дека скоро секоја година во салата има ликови кои по некоја основа се таму, а не се на нивото на Фестивалот и елитата која таа вечер е во салата. Се појавуваат тогаш, а останатите фестивалски денови ги нема никаде. Но да се каже дека салата масовно се напуштала и дека филмот се прикажал пред полупразна сала, едноставно не е вистина. Како присутен на лице место, одговорно тврдам дека информацијата е неточна и тенденциозна.

Што се случи? По доделувањето на наградите и свеченото отворање, организаторот замоли на трпение за да екипата на МТВ која вршеше пренос, да се “размонтира” по што ќе се прикаже филмот. Тоа најголемиот дел од публиката го искористи за пауза за муабет и цигара, па слезе во холот или пред Центарот за култура. Филмот почна да се прикажува, а во рок од неколку минути салата се исполни. Проекцијата на филмот траеше до 23:30 часот, и салата беше 98% полна. Апсолутна невистина е дека салата била полупразна. Ситници и недостатоци имаше, како и секогаш и секаде, но пак ќе речам и потврдам, филмот на Бинош го изгледа огромното мнозинство во салата.

Доколку грешките и недостатоците ги бараме, тие покрај на адреса на организаторот, мораме да ги адресираме и кај самата публика. Факт е дел дел од публиката која е таму е само поради престижот да се дел од оваа манифестација од светски карактер и задоволување на некаква маалска или локална фрустрација да се биди виден. Немањето манири во облекувањето, во почитувањето на протоколот и се останато, е само прашање на домашната култура и воспитувањето на одредени луѓе кои по секоја цена сакаат да влезат.

Да се разбереме, Фестивалот одамна ги надмина локалните рамки, а со тоа и во голема мерка и селекцијата. Сигурно на фестивалите во Кан или Венеција не е води дискусија колку локално население ќе влезе.

Фестивалот “Браќа Манаки” е една од манифестациите со светска важност со која треба да се гордееме и мораме да ја чуваме и негуваме. Критиките се секогаш добредојдени, посебно доколку се добронамерни и со цел да ги поткренеме уште толку нивото, кое веќе го има. Но, кога имате текстови и пред знак СКАНДАЛ само колку да се крене читаност, а истите предизвикуваат револт и негодување кај огромно мнозинство кое не било присутно во салата, едноставно БЕЗОБРАЗНО И ДРСКО Е.

За крај, “До балчак” е одличен филм. Филм кој трае скоро три часа, асе гледа во еден здив. Ќе ве насмее, расположи, заинтригира, а со некои сцени и доведе до солзи. Сигурен сум дека ќе има огромна гледаност во Македонија, а дека е предодреден и за поголем меѓународен успех.

А.Р.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=54165

Posted by on Sep 15 2014. Filed under Настани, Став, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

4 Comments for “Една друга перспектива за отворањето на “Браќа Манаки””

  1. Potpolno se soglasuvam so vas,no vo Kan i Venecija site denovi se polni salata,i publikata od drugite gradovi prestojuva tamu dodeka trae festivalot,a tuka od drugite gradovi doagaat samo za otvoranjeto i zatvoranjeto na festivalot,a za drugite denovi se bara LOKALNOTO NASELENIE da popolnuva duri i na bezvredni proekcii

  2. E ajde da vidime fotka od salata koga se prikazuvase filmot! Ova e od ceremonijata. Znaci v sala bev i jas, vo nea imase stotina luge za vreme na prikazuvanjeto na filmot Oblacite na Sils Marija!

    • Центар за култура Битола

      Апсолутно е неточно дека во салата имаше 100 тина луѓе за време на проекцијата, напротив бројката на публиката беше помеѓу 750 – 800 лица, инаку салата има 847 седишта, со почит, НУ Центар за култура Битола

      • Авторот на овој текст и уредник на cooltura.mk ги потврдува зборовите на Центарот за култура Битола и она кое веќе стои во текстот, дека иако мал број луѓе заминаа, агромното мнозинство го проследи филмот, а добар дел од присутните по прикажувањето продолжија на коктелот во Порта Џез. Секој кој ја знае салата може да претпостави како би изгледала со 100тина луѓе кога самата собира 850. Патем, 100тина луѓе беа само персоналот кој е одговорен за самиот фестивал, дака да негативниоте коментари од старт паѓаат во вода. Останува фактот дека некој сака да направи скандал и таму каде што го нема, бркајќи рејтинг и читаност. Срамно, неодговорно и непрофесионално. Со почит, cooltura.mk

Leave a Reply

UA-20274170-1