|

Електричното возило „Тесла модел S“ денеска пристигнува во Скопје

„Tесла конвој 2014“ и електричното возило Тесла Модел S во сопственост на Саша Цветојевиќ ќе пристигнат во Скопје денеска (19 септември 2014, петок) во 14:30 часот во Општина Гази Баба, на плоштадот Филип II.

tesla convoy

Конвојот ќе помине пат од 2200 км (Green Route) во градовите во регионот, преку промовирање на електрични возила и потребата за инфраструктура за полнење на електрични возила. Јавен настан ќе има на 20ти Септември – Сабота на плоштадот Македонија

Центарот за ЕУ фондови – ЕМКИЦЕ, Центарот за развој на ИКТ – ИЛУМИНЕ како и Технолошкиот Парк при Универзитетот на Југоисточна Европа Тетово, ја известуваат јавноста дека во Македонија за прв пат пристигнува “Тесла конвојот” како и автомобилот Тесла Модел S во сопственост на Г-дин Саша Цветојевиќ, претприемач и инвеститор бизнис ангел.

Тесла Конвој 2014 е иницијатива која има за цел: да се популаризира употребата на електрични и хибридни возила во Југоисточна Европа; да се подигне свеста за животната средина и користење на нови иновативни технологии; заемна соработка за користење на ЕУ фондови; подигање на свеста за инфраструктура на станици за полнење на електрични возила; поддршка и менторство на претприемачите инженери од страна на бизнис ангели и ментори; креирање на зелен коридор со места за полнење на електрични возила.

Тоа е дел од една поширока иницијатива започната во Смиљан, родното место на светскиот и најголем научник Никола Тесла.
На 10 јули 2014 година од денот на неговото раѓање група од околу педесет претприемачи и инвеститори од целиот свет, приврзаници на работата и делата на Никола Тесла се собраа по покана на Душан Стојановиќ кој патем е и далечен роднина на Никола Тесла. На овој настан се одлучи да се иницираат активности за поддршка на претприемачи и иноватори кои ќе овозможат нови потенцијални патенти и иновации кои би можеле видат светлината на денот. Заклучок беше дека регионот има потенцијал, но дека младите и иновативни луѓе се борат да ги развијат своите проекти и компании, дека треба да се охрабрат и да се поддржат со инвестиции за таа нивна иновативна култура и поддршка на претприемништвото во регионот, како и поддршка на луѓето кои имаат добри проекти за да се поврзат со инвеститори и ментори од земји кои имаат капитал.
Затоа се иницира формирање на „World Tesla Innovations Network“ – TIN организација која ќе дејствува како глобален акцелератор за стартап фирми во регионот.

tesla_elektro_auto

Првиот чекор на иницијативата е “Tesla Convoy 2014” и (“Pillar I” – Awareness) од 18-24.09.2014, во која електричнo возилo Тесла Модел С ќе го помине патот од 2200 км (Green Route) во градовите во регионот, преку промовирање на електрични возила и потребата за инфраструктура за полнење на електрични возила. Ќе промовира нови концепти на електрични возила, ќе донесе нови бизнис модели кои може да се поврзани со новите технологии и новиот вид транспортни средства, а ќе ги охрабри младите луѓе да сметаат дека претприемништвото како опција која може да направи промени и во регионот и во светот.

Вториот чекор е “столб II” – Образование – 24.09-18.10.2014. Ќе има серија на предавања, презентации и работилници за Никола Тесла и неговите дела. Ќе бидат презентирани и патенти кои компанијата Тесла Моторс ги дала на слободна употреба низ целиот свет објавувајки ги на 12 Јуни 2014 г.

Предвидени се два натпревари “The Next Tesla Thing” и “Dizajn Your Next EV”, каде што ќе им биде овозможено на младите луѓе од регионот да ги поднесат своите предлози и идеи за бизнис, и да го проверат нивниот концепт пред тој да замине на пазарот како производ или услуга.

Третиот чекор “столб III” – Реализација – 18.10-17.11.2014 период на финализирање на поднесените проекти.
-Меѓународна жири комисија составена од професионалци и бизнис ангели инвеститори ќе ги изберат најдобрите во двата натпревари и ќе им помогнат да се подготват за инвеститори или излез на пазарот на нивниот производ или услуга.
-Воспоставување на регионален претприемачки еко-систем и поттикнување на директна соработка меѓу претприемачите и инвеститорите е една од целите на оваа иницијатива. Целта е да се создаде рамка во која да се отвори заеднички инвестициски фонд со улогата на бизнис ангелите и државите од регионот.
-Една од целите е и зголемена соработка помеѓу приватниот, академскиот и државниот сектор за користење на фондовите на ЕУ кои би инвестирале во иновативни проекти дизајнирани да се поттикне развојот на малите и средни иновативни компании и да се создадат нови работни места.
- Креирање на Зелен Коридор во југоисточна Европа за инфраструктура на станици за полнење на електрични и хибридни возила.

Во местата на запирање организирани се настани од страна на градоначалници, ректори и декани на колеџи и универзитети во градовите по должината на рутата, како и министри и претставници на министерствата одговорни заживотна средина, зелена технологија, науката и образованието. Сите заинтересирани страни ќе им биде дозволено да се запознаат со овој електричен автомобил и предностите на користење на нив. Ќе се дефинираат соодветни места да се постави станица за полнење на електрични автомобили.

Организатор Тесла Конвој 2014 – претприемач и менаџер центарот за Еу фондови и поддршка на иновации – Вучков Илија изјави:
“Посебна благодарност до град Скопје и градоначалникот Г-дин Коце Трајановски кој прв ја поддржа оваа иницијатива уште во месец Август. Јас сум сигурен дека веќе неколку месеци по настаните ќе имаме повеќе станици за полнење на електрични возила во земјите низ кои се поминува Тесла конвој иницијативата. Градоначалниците на Ниш, Скопје, Тетово, Приштина, Тирана и Подгорица, министрите за животна средина на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора веќе го потврдија своето присуство на настани поврзани со конвојот, и изразија интерес за маркирање и поставување на првите станици за полнење на електрични возила. Прв за тоа е подготвен Скопје на 20:09. кога Тесла S ќе биде на главниот плоштад. Очекуваме наскоро да конечна потврда на други официјални лица од градовите по должината на рутата. ”

Тесла Конвој 2014 – https://www.facebook.com/teslaconvoy – 2200 км низ регионот, електрични Тесла S автомобил.
Emkice – http://emkice.com/ https://www.emkice.mk
член на EBAN е (Европската трговска асоцијација за бизнис ангели).
- Emkice им помага на приватниот сектор и сите заинтересирани за апликација и користење на грантовиод директните ЕУ фондови. Основачите се и на MBAN – Македонски Мрежа на Бизнис Ангели, и е специјализирана во поддршка на иновации и комерцијализација на иновациите.

World Tesla Innovation Network – TIN – е организација која ќе вклучуваат млади претприамачи, компании , иноватори и научници за поврзување со ментори и бизнис ангели инвеститори, а ќе има за цел да поддржи проекти кои се на некој начин допир со технологиите и областите каде Никола Тесла работел а неговите пронајдоци го променија целиот свет.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=54301

Posted by on Sep 19 2014. Filed under Општество, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

1 Comment for “Електричното возило „Тесла модел S“ денеска пристигнува во Скопје”

  1. Кога толку внимамие би посветиле на неисправните автомобили од секој аспект, а посебно во поглед на издувните гасови, ефектите би биле неспоредливо поголеми.
    За животната средина, трошоците за деривати, струјата што ја немаме, безбедноста на телото и животот, даночната равноправност (што ли беше тоа?), и тн.
    Од друга страна, луѓе си тераат бизнис

Leave a Reply

UA-20274170-1