|

Да ја разбиеме монотонијата со „Фестивал на нови медиуми“

На 10-ти овој месец со почеток во 18 часот Во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи славење на кретивноста во вистинска смисла на зборот.

INTERMEDIA DAY 2

За случувањето насловено INTERMEDIA DAY @ ФЕСТИВАЛ НА НОВИ МЕДИУМИ разговараме со еден од учесниците. Овој пат на „кул – тура“ со Мелани Димитровска. Таа е дипломираше моден дизјан на Европски универзитет Скопје, на отсек арт и дизајн, пред 4 години. Своите дизјанерски способности ги има преставено неколку пати пред македонската публика преку Модната недела Скопје, како и пред публиката на Аssembley Design Festival во Австрија.Освен со моден дизајн се занимава и со модни илустрации како засебни.

melani dimitrovska

1.Мелани , добре ни дојде во кул-тура. Да зборуваме за она што ќе се случува во петок на 10 октомври. Ти си дел од настанот наречен INTERMEDIA DAY @ ФЕСТИВАЛ НА НОВИ МЕДИУМИ. Што се крие зад овој термин?

-Kул-тура, благодарам за поканата! INTERMEDIA DAY е фестивал на нови медиуми кој ќе се одржи за прв пат годинава на 10-ти Октомври во две простории од Младински Културен Центар во Скопје. Во склоп на фестивалот ќе има работилница за продукција на електронска музика од Иван Шопов со почеток во 18 часот. Во 20 часот ќе следи отварање на изложба со графики и инсталации. Журката започнува во 22 часот со диџеј сетови и аудио-визуелни изведби во живо.

2.Покрај тебе кој друг ќе биде дел од овој фестивал?

Освен мене учесници на настанот се Иван Шопов/COOH/Balkansky (Бугарија), Марко Батиста (Словенија), Боб Милошевиќ (Србија), Vallew (Бугарија), Ивана Пирковска (Македонија) и Ogie (Македонија). Дизајнер на постер е Марија Чолкова.

3.Како се случи спојката меѓу вас, кој е иниијаторот на случувањето?

Иницијатор на случувањето е оранизаторот на настанот Александар Прелет. На саемот на современа уметност ги забележа моите дизајни и ме покани на настанот. Повеќето од артистите ми беа добро-познати, идејата ми изгледаше кул и со задоволство прифатив.
Интересно е што учествуваат различни дисциплини и медиуми (графики, визуелни перформанси, лајф настапи, диџеј сетови , сајбер мода)

4.Каков е концептот на вечерта? Дали читателите можат викенд излегувањето да го преточат во една ваква варијанта , за промена?

Концептот на вечерта е да биде кул настан со повеќе современи уметнички форми од дузина талентирани луѓе од целиот регион. Вакви настани во Скопје се организираат многу ретко што за одреден тип на луѓе е значително. Концептот за поинаквата атмосфера се должи на прочистената модерна естетика, специфичните електронски жанрови (еxperimental,IDM, dark drum&bass, dubstep..), перформансите во живо. Викенд излегувањето во Скопје е најразлично но сигурно ќе се доживее поинаква атмосфера.

5.За прв пат ли се случува овој фестивал кај нас?

Овој фестивал се случува за прв пат годинава.

6.Дали до сега си била дел од ваквва културна платформа?

Сум била дел од саеми и изложби на современи уметности но не сум била дел од ваква културна платформа досега.

7.Која е твојата улога?

Мојата улога е нестандардно претставување на моите дијзани што ќе придонесе за целокупната атмосфера на изложбата и целокупниот настан. Секогаш кога гледам луѓе облечени во мои дизајни чувството е прекрасно. Облеката ќе биде претставена на живи модели, (ќе се носи за време настанот и појавувањето ќе варира) притоа невозможно да се измеша со облеката на посетителите. И баш сум љубопитна како се тоа ќе изгледа.

INTERMEDIA DAY 1

8. Овој месец за тебе е збогатен со уште една културна нишка, овој пат лично. Патуваш за Љубљана. За што поточно станува збор?

Во Љубљана за месец на дизајн ќе се случува интернационална изложба наречена Brands&Signs каде што ќе се претстави селекција на оригинални, иновативни и добро-изработени производи од областа на моден, ентериерен и продукт дизајн од цела Североисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, Грција, Унгарија, Бугарија, Романија и Турција). Настанот започнува на 6-ти Октомври и трае до 6-ти Ноември. Официјалната церемонија за доделување на награди за најдобрите е 8-ми Октомври. Во склоп на настанот ќе има и pop up store како и многу конференции поврзани со дизајн и бренд идентитет.

9. Месецов е моден месец за Скопје , со оглед на тоа што ќе ни се случи најголемото модно случување, Моден викенд Скопје по 10 пат. Дали креациите на Мелани ќе ги видиме на писта или во моден перформанс?

Бидејќи следно ми е перформанс не се фокусирав да стигнам и го претставам тековно во сезоната на модниот месец кај нас бидејќи не е врзано сезонски.

10. Како е да се биде дизјанер овде кај нас? Има ли оволно простор за изразување пред вистинската публика?

Не знам како е да се биде дизајнер на друго место освен искуството со претставување надвор од кај нас и продажниот аспект што е сосема различен и подобар. Кај нас популацијата е турбо фолк, голем дел од луѓето не се отворени за нови и модерни работи но има и т.н. вистинска публика.

Во поканaта за ФЕСТИВАЛОТ НА НОВИ МЕДИУМИ се вели вака : “Дојдете заедно да уживаме во врвни уметнички достигнувања и да се насладуваме на креациите на дузина прекрасни, талентирани луѓе од целиот регион. Низ повеќе современи уметнички форми ќе вбризгаме малку кислород во белите дробови на нашето Скопје.“

Александра Бела

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=54879

Posted by on Oct 1 2014. Filed under Настани, Став, Топ Вести, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1