|

Теа Беговска: Премиера на „Ајде да имаме секс“ овој петок

Премиера на „Ајде да имаме секс“ на младата Теа Беговска пред скопската публика…

ajde da imame sex 4

Претставата „Ајде да имаме секс“ на младата режисерка Теа Беговска ќе биде премиерно претставена овој петок во просториите на ноќниот клуб “Балет“ Скопје , во 20 часот. Теа Беговска дипломираше на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА на отсекот за мултимедијална (театарска и филмска) режија. Зад себе има три независни проекти „Три сестри“, „Тишина“ и „Контрола“ .

За тоа како се подготвуваше за својот четврт независен проект, разговараме токму со Теа Беговска. Уживајте во уште една кул-тура ….

1.Теа, веднаш по „Три сестри“, „Тишина“ и последното „Контрола“, ја очекуваме претставата „Ајде да имаме секс“ која ќе види бел ден овој петок. Чиј текст работевте и што ве натера да го работите токму овој текст ?
- Текстот е на руски автор Валентин Краснагоров. Кога читам текстови и истражувам, најчесто одлучувам да работам нешто што е поврзано со мојата моментална приватност или моментален порив, проблем…И се препуштам на интуицијата целосно.

ajde da imame sex 3

2. Колку време ви одзеде подготвувањето на овој прект, со оглед на тоа што преставата „Контрола“ беше до скоро активна.
- Работевме скоро три месеци, со неколку паузи. Но без разлика на тоа што се играше паралелно и КОНТРОЛА, и актерите од екипата беа со многу други професионални ангажмани, секојдневно имавме проби. Што рано наутро, што доцна навечер.

3. Како знаете кои се вистинските луѓе со кои одбирате да работите ?
- Ги гледам во очи. Доволен ми е еден приватен разговор, едно испиено кафе. Многу ми е важно на тоа кафе муабет какви ставови има актерот за театарот.

4. Што се се случува на пробите, дали сте строга со екипата и барате неколку часа целосна посветеност или постојат денови кога се собирате за проба, а завршуваат во поинаков правец, забава …Се случило ли некогаш да излезе се’ од контрола?
- За мене најважна е одговорноста во еден процес. Нешто ако се започне да се истера до крај. Строга сум тогаш кога има потреба. Строга сум кога некој упорно го бојкотира процесот. Најчето им давам целосна слобода на актерите, да не се чувствуваат стегнати дури се на проба. Актерот создава тогаш кога е ослободен од секакви надворешни влијаниа. На проба се доѓа чист. Се разбира дека некои проби поминале само низ разговор, но сметам дека секоја една проба е продуктивна ако режисерот знае како да ја води. На режисерот не смее да не му се пробува.ajde da imame sex 2

5. Што најмногу ве нервира кога се работи?
- Не сум нервчик по природа. Знам смирено да го решам проблемот. Секогаш сум многу точна и прецизна со времето, па можам да кажам дека најмногу ме нервира доцнењето.

6. Кој/ што ве мотивира?
- Секогаш ме мотивира нешто различно. Понегогаш е личност, понекогаш е нешто што лично ми се случува. Многу лесно може да ме мотивира разговор со правилната личност.

7. Што ве прави среќна?
- Јас сум човек што бара и сака многу внимание. Па ете да речам дека понекогаш тоа ме прави среќна, кога некој несебично ми пружа внимание.

8. Која е последната туѓа претстава што сте ја изгледале?
- Иако ја имам гледано неколку пати, но последен пат бев во театар на претставата на Мартин Кочовски За домот се работи на МОТ.

9. А која претстава ве натера да ја изгледате повеќе од еднаш?
- Сум гледала многу претстави повеќе од еднаш. Обично гледам претстави по неколку пати во кои со секое гледање се открива нешто ново.

10. Со кого посакувате да работите од светската сцена?
- Сеуште не знам. Можеби сум една од ретките која нема идоли. Ги почитувам сите големи имиња. Средбата со таков голем човек, според мене, треба да се доживее најнормално.ajde da imame sex 1

11. Што од музика слушате кога го користите времето за рекласирање , а што кога се работи?
- Немам музика посебно за работа, посебно за релаксирање. Денес можам да го слушам Френк Синатра, а утре да ги пуштам The Knife. Слушам се што се поклопува со моето моментално чувство.

13. Теа , ви благодариме што на нашите читатели им овозможивте кул-тура со вас, за крај да се навратиме на – актуелното, накусо што ќе може да види публиката во „Ајде да имаме секс“?
- Ќе види една прекрасна актерска екипа – Владанка Димковска, Никола Кузелов, Талија Настова, Бобан Кулески кои многу искрено ги отворија своите срца и директно ќе го кажат својот став за тоа што значи Ајде да имаме секс.

Александра Бела

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=54979

Posted by on Oct 2 2014. Filed under Настани, Став, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1