|

Јубилејна изложба “Столетие” во чест на Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014)

Јубилејната изложба насловена “Столетие” на великанот, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014) во Даут-пашиниот амам …

vasilije popovic cico plakat

На 4 октомври 2014 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија и Музеј МНТ при Македонскиот народен театар, во Даут-пашиниот амам ќе биде претставена јубилејната изложба Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014).

Изложбата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, и воедно е дел од манифестацијата „Бела ноќ“. Истата ќе биде отворена до 4 ноември 2014 година.

cico popovic 3

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 260 дела, меѓу кои и негови лични предмети (акварели, сепии, цртежи, карикатури, сценографски и костимографски скици, реализирани костими, нацрти на книги и публикации, но и негови портрети изработени од неговите колеги Димо Тодоровски, Димитар Кондовски и Никола – Кочо Фидановски) кои се во сопственост на: НУ Национална галерија на Македонија, Музеј МНТ, Музеј на современата уметност – Скопје, Музеј на град Скопје, Македонска академија на науките и уметностите, Државен архив на Република Македонија, Вардар филм Македонија, Друштво на писателите на РМ, Гордана Поповиќ – Васиќ (ќерка на авторот), како и на голем број приватни сопственици.

На изложбата ќе говорат Маја Неделкоска-Брзанова, в.д. директор на НУ Националната галерија на Македонија; Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје и проф. Љубиша Георгиевски.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55010

Posted by on Oct 3 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

1 Comment for “Јубилејна изложба “Столетие” во чест на Василие Поповиќ – Цицо (1914-2014)”

  1. Златко Теодосиевски

    А зошто тој самонаречен „Музеј на МНТ“ не си прави изложба во својот простор, туку ја узурпира Националната поставка во Даут пашин амам? Од каде тоа право да се симнува цела поставка односно дела од стотина македонски уметници за да се направи изложба на – еден?

Leave a Reply

UA-20274170-1