|

Скопје Сити Мол го прослави вториот роденден

Вториот роденден на Скопје Сити Мол ќе остане запаметен како првата и најмасовна „rooftop” забава во Македонија.

skopje_city_mall_2_rodenden

 

На двете модни писти, зачекорија 20 прекрасни девојки и момци од целиот Балкан во најновите колекциите на модните брендови од молот. Вистинско модно шоу, финишираше со долна облека – момент кој го одзеде здивот на присутните. Топ моделите чекореа на пистите, водени од звуци на виолина, подоцна и од двајца перкусионисти, а целото шоу беше проследено и со перформанс на паркури.

По завршувањето на модното шоу, просторот на петтото ниво на катната гаража беше брзо адаптиран за еден од најхаризматичните, воедно најспецифични македонски диџеи – Кирил Џајковски. Во полн состав, Џајковски приреди двочасовно шоу за паметење. Огромен број посетители, еуфорично се забавуваа на неговите хитови до доцна во ноќта. Не смее да се заборави и ТК Вондер, девојката која ги поздрави Скопјани со фразата „Го сакам Скопје!”.

Гости на роденденот беа голем број пријатели на Скопје Сити Мол, соработници, новинари, пејачи, претставници на естрадата, македонски јавни личности, а сите на свој начин, вчеравечер, порачаа – Среќен роденден, Скопје Сити Мол!

skopje_city_mall_2_rodenden2

skopje_city_mall_2_rodenden3

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55105

Posted by on Oct 5 2014. Filed under Калеидоскоп. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1