|

Заврши првиот турнир во екстремни спортови

Вчеравечер (04 октомври 2014 година, сабота) на новиот Скејт парк на кејот на Вардар заврши првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014.

extreme_xhallenge_2014_skopje_1

 

Градоначалникот на Гард Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на дел од финалните обиди на вешти возења за освојување на првите места на Турнирот.

Првото место од категоријата скејтери го освои Иван Марас од Република Хрватска, второто место го освои Илин Колевски од Македонија, а трет беше Далибор Дугоњиќ исто така од Хрватска.

Во категоријата БМХ на првите три места се пласираа: Игор Вукадиновиќ од Република Хрватска, Христо Илиев од Република Бугарија и Даниел ангелов од Македонија.

Најдобрите тројца на ролерки, на првиот Турнир во екстремни спортови, беа Стеван Божиќ од Република Србија, нашиот Димитар Ристовски и Александар Кикирковски од Република Македонија.

На првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови-Скопје 2014, учествуваа возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 скејтери, 15 ролерџии и 20 возачи на бмх велосипеди.

Судиите на овој прв турнир од ваков тип во нашава држава, дојдоа од Словенија, а еден од најдобрите судии беше Изток Суматич, којшто е судија и на Олимписките игри за екстремни спортови.

Наградниот фонд за Турнирот изнесуваше 1 050 евра. По 200 евра за прво, 100 евра за второ и по 50 евра за трето место во трите категории, односно скејт, ролери и БМХ, а во текот на одржувањето на Турнирот, настапија и голем број ди-џеи.

extreme_xhallenge_2014_skopje_2

extreme_xhallenge_2014_skopje_3

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55110

Posted by on Oct 5 2014. Filed under Топ Вести, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1