|

Британски експерти ќе држат предавања за модата во Скопје

Во рамките на десеттиот Моден викенд Скопје, под името „Современи  движења  во  модата-трендови,  продажба  и  блогирање“ предавања  ќе  одржат неколу британски модни експерти.

modna nedela fashion week skopje 2011 (16)

 

Станува збор за Роберт  Кавел-  Кларк,  Кендал  Робинс  и  Ребека  Рој  од Лондон како и тимот на домашниот моден сајт Stylist.mk , кои на 25 октомври  од 12 до 15 часот гостуваат во „Станица 26“ во Скопје.

Станува збор за реномирани професионалци од областа на модата а предавањата се дел  од  едукативната  и  бизнис  програма  на  есенското  издание  на  Моден  викенд Скопје. Роберт Кавел – Кларк кој е одговорен за односи со дизајнери и скаутирање во  „Not Just a Label“,  ќе  предава  за  профилот  на  компанијата,  нивните  искуства  со интернационални  дизајнери,  современи  начини  на  продажба  и  финансирање  на
нивниот бизнис. Роберт Кавел-Кларк гостува  со поддршка на Министерството  за култура на Р.Македонија.

Како  програмски  менаџер  во  Британски  совет  Лондон,  Кендал  Робинс  пред македонската  публика  ќе  говори  за  работата  на  Британскиот  совет,  нивната меѓународна соработка и искуствата со дизајнери од Велика Британија. Робинс води и курира културни настани и изложби низ Блискиот Исток, Северна Африка и  Јужна Азија,  како  и  во Обединетото  Кралство,  а  исто  така  е  и  советник  за  меѓународната работа. Во Мак во соработка со Британски совет во Македонија.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55181

Posted by on Oct 7 2014. Filed under Калеидоскоп. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1