|

Шесто издание на Де:сонанц

Шестото издание на Фестивалот за електронска музика и медиумска уметност де:сонанц, оваа година ќе се одржи од 22 до 25 октомври на различни локации низ градот.

posteri

Фестивалот ќе биде отворен на 22 октомври во 20 ч., во Кинотека на Македонија со прикажување на најдобрите музички видеа од Германија за 2014 година, кои пред неколку месеци беа премиерно претставени на Фестивалот за краток филм во Оберхаузен. Освен тоа, публиката ќе има можност да проследи селекција од 13 популарни, експериментални, политички и субверзивни, но пред сè забавни видеа од изминатите 15 години, кои се издвојуваат наспроти едноличноста на стандардните музички видеа направени за телевизиски потреби.

Музичката програма на фестивалот ќе започне истата вечер во 24 ч. во клубот Капан Ан со програмата „BTKRSH Night“, која се реализира во соработка со колективот BTKRSH (БИТКРЕШ), еден од најактивните и најиновативните електронски музички колективи во земјава. Со свој сет ќе се претстави германскиот артист Opium Hum (Опиум Хам) чии фантастични звучни пејзажи проширени со длабоки и менливи ритми создаваат состојба што може да се опише како „буден сон“ на кој совршено ќе се надоврзат мрачните и моќни техно звуци на Ancient Methods (Еншнт Методс). Секако вечерта не би била комплетна без сетовите на Марчин и Андреас Херц од BTKRSH специјално подготвени за ова фестивалско издание, како и без визуелизациите на веќе реномираното виџејско дуо од Скопје Lazy Kidz Visualz (Лејзи Кидс Вижуалс) кое ќе се погрижи за визуелниот израз на настапите.

 

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55552

Posted by on Oct 17 2014. Filed under Настани, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1