|

Настап на Grant Hart и ESC Life во МКЦ

Концертот на Грент Харт во МКЦ е во рамките на неговата 10 дневна источноевропска турнеја заедно со бендот ESC Life.

grant hart

Од 21:00 во Бифе МКЦ ќе настапи култниот Grant Hart, некогашен член на Husker Du и Nova Mob. За прв пат во Скопје ќе настапи со придружба на бенд!

Кој е Грант Харт?
Во 80те креативна половина на култните алтернативни рокенрол икони Hüsker Dü (од критиката посочувани како the godfathers of indie rock), подоцна со соло кариера, но и лидер на Nova Mob, Грант Харт ќе и се претстави на скопската публика за прв пат со придружба на бенд.

Како singer-songwriter, мулти-инструменталист и визуелен уметник автор е на култните песни на “Новата американска музика” – Diane, Never Talking to You Again, Pink Turns to Blue, The Girl Who Lives on Heaven Hill, Don’t Want to Know If You Are Lonely, She’s a Woman (And Now He Is a Man)… За време на своето 9 годишно постоење со Hüsker Dü објавија 7 албуми кои денес се сметаат клучни за современата американска рокенрол музика.

По распадот на Hüsker Dü во 1987 година Грент ја започнува својата соло кариера која трае и ден денес и вклучува бројни студиски остварувања. Страствениот глас на овој 53 годишен „сторителер“, како и авторски препознатливите строфи и рефрени го вбројуваат во ред на музичари кои со каледиоскопска брзина го менуваа текот на современиот рокенрол, а воедно станаа и авторска реткост.

marko nastic

Од 23:30 во горното фоаје на Кино Фросина настан „Вселената како култура“

Pmg Recordings и Drop Series ви ја претставуваат легендата на белградската и балканската техно сцена Марко Настиќ. Настанот наречен “Вселената како култура” ќе се одржи во горното фоаје на Кино Фросина / МКЦ, а покрај Марко ќе настапат и Видиновски, ко – сопственикот на издавачките куќи Argumento Music Group и Excel Recordings кој е и еден од основачите на Drop Series, Мирко Попов, човекот кој на домашната сцена е активен веќе 20 години, еден од првите дј-и во Македонија и сопственикот на култната PMG Recordings и Апостолски, надеж, младост и свежина на скопската техно сцена, продуцент кој набрзо ќе го има и своето прво издание за Argumento Music. За видео проекциите задолжени ќе бидат дечките од Lazy Kidz Visualz.

 

 

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55594

Posted by on Oct 18 2014. Filed under Настани, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1