|

Конзервација на црквата „Св. Богородица Заумска“

Со оглед на статусот на објектот, проектите кои се однесуваат на неговата непосредна заштита се вклучени во Програмата на Владата на Република Македонија и се реализираат етапно…

Во тек е изработката на Елаборатот за ревалоризација на споменичната целина на манастирскиот комплекс „Свети Богородица Захумска“, како и изработката на проекти за заштитно-конзерваторски основи, активности предвидени со Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Стручните служби на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид по реализацијата на овие проекти, ќе отпочнат со целосно завршување на конзерваторските работи на ова значајно споменично добро кое е споменик на културата од средината на 14 век.

Со оглед на статусот на објектот, проектите кои се однесуваат на неговата непосредна заштита се вклучени во Програмата на Владата на Република Македонија и се реализираат етапно, во согласност со Годишните програми за финансирање на проекти од национален интерес во културата на Министерството за култура. Во тој контекст, почнувајќи од 2009 година, во континуитет до 2013 година, реализирани се повеќе фази од областа на непосредната заштита кои се однесуваат на делови од живописот во куполата, северниот свод, северната и горна зона, западниот и јужниот вертикален ѕид, како и долните партии од олтарниот простор.

Црквата „Св. Богородица Заумска“ се наоѓа на 20 километри од Охрид, во подножјето на планината Галичица,  на брегот на езерото, во месноста Заум (Захум), спроти рибарското село Трпејца. Заради конфигурацијата на теренот, пристапот до објектот е возможен единствено по воден пат. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на епископот Григориј, кој спаѓал меѓу највлијателните големодостојници на Охридската архиепископија кон средината на XIV век. Архитектонската изведба на црквата се вклопува во целосна хармонија со природниот амбиент, додека фреско-ансамблот претствува уникатно дело во уметнички и во иконографски поглед.

sv.bogorodica_zaumska2

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55665

Posted by on Oct 20 2014. Filed under Археологија, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1