|

Изложба на отворено „Арт ограда“

На отворањето на изложбата која Моден викенд Скопје ја организираше во соработка со Општина Карпош  присуствуваше и Бранка Доневска-Најдовска, главниот уредник на  „Теа модерна“, како генерален медиумски покровител на проектот.

art_ograda_izlozbaИзложбата на отворено „Арт Ограда“ составена од 16 големи пано-фотографии од креациите на модните дизајнери-учесници на претстојниот Моден викенд Скопје, од денеска е поставена на оградата на „Архив на Град Скопје“, односно  на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди во општината Карпош.

Презентираните креации се на дизајнерите : Лидија Георгиева која во својата креација ја „облече“ актерката Дарја Ризова, актерката Ивана Павлаковиќ во модел на Јована Филиповиќ поддржана од  „Bauerfeind“ а за  „Le Brand“  во улога на модел се појавува победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија  –  Јована Василева. Дизајнерката Митковска се фотографираше во модел од својата најнова колекција за „Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska “ на која се принтови од фотографиите на Милчо Манчевски и е поддржана од „Nescafe Dolce Gusto“.art_ograda_izlozba2

Дизајнерските парчиња ги носат и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо  од дизајнерите  Ирина Тошева поддржана од „My:Time“, Олгица Ѓоргиева поддржана од „Oxette“, „Mcouture by Mila Kadriu“, Стефанија Насеска, Никола Петровски, Оливера Штакоска, Инес Шабан, „JZJ by Zlatko Jovanovski“, Росица Мршиќ,  „Kufer by Andriana Dineva“  и модната продавница за детска облека „Софиленд“.

За изгледот на девојките се погрижи АVON во соработка  со тимот на „Академија Леонтиќ “ и „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“. Фотографите се направени на осум локации во Карпош , односно во : ОУ „Јан Амос Коменски“, покрај жардиниерите на булевар Партизански одреди,  во паркот  „Карпош 3“, плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, на кружниот тек помеѓу улица Париска и улица Варшавска, во дворот на црквата „Св. Пантелејмон“, пред зградата на булевар Партизански одреди бр. 59 (поранешен „Мал одмор“) и платото „Млечен ресторан“. Фотографиите ги  направија Марко  Маркоски,  Стефан Николовски  и двоецот „Ани и Дими“.

 

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55770

Posted by on Oct 23 2014. Filed under Калеидоскоп, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1