|

Како до ,,Симфонија на срцето“

Членовите на Фејсбук групата Литературен Клуб ,,Браќа Миладиновци“, песните кои ги творат ги публицираа во едно заедничко литературно дело, кое ќе остане како трајна вредност во рамките на Македонската поезија, поддржана од автори на соседните Балкански земји, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска,како и автори од Австрија и Германија и aвтори членови на Литературниот клуб “Браќа Миладиновци“ од Мелбурн, Австралија.

simfonija na srceto

Поетско и книжевно соѕвездие со инспиративна моќ, што никого не остава рамнодушен,закитено со стихови излеани од длабочината на поетските души,со исти жар секогаш со боја на виножито. Ова поетско дело од чии рамки извира сензибилитет преточен од поетските души со медитерански сјај,исполнет со возбуда. Замислено како збирка поезија од група автори,прерасна во ,,МЕЃУНАРОДЕН ЗБОРНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“ – здружени Фејсбук пријатели, прв од ваков тип на литературно дело, во земјава и регионот.

Единствени и ненадминливи, единство во различноста што му дава посебен белег на ова литературно дело,симфонија од стихови,без ноти и клавирот на животот со црно и бело. Во јадрото од овие творби, од 57 автори се забележува хармонија и духовен сјај, симфонија на душата што читателот ќе го доведат на работ на возбудата, и алчноста по трката за неостварени скриени желби, што секој ги носи во себе.

Уште во 17-век Францускиот драмски писател Корнелие пишува: Љубовта е тиранин кој никого не поштедува.Токму љубовта е основна тема на сите овие 116 песни што го сочинуваат овој зборник.Сите автори со различен профил на подготвеност и генерациски,но слични по идеи и чувства здружени да ја исплетат оваа синхронизирана плетенка од стихови,која доведува до раскош на умот и менталниот комплекс ,чувство на среќа ,радост,исполнетост…

Сон на секој автор е да биде прочитан,неговите творби да се публикувани,и останат како трајно богатство во областа на културата и културното богатство на земјата. Секоја песна бара да биде запишана,бара читање, станува привлечна кога ја погледнеме нејзината надворешна структура,а поразбирлива кога ја откриеме нејзината внатрешна убавина. Кон групата 43 автори од Македонија се придружија автори од соседните Балкански земји 8 автори, од Европските земји 4 автори и 2 автори од Дијаспората…

Никој нема да остане рамнодушен штом го прочита овој шаренолик фолдер во кој поетите пејат за љубовта,за среќата, за миг ќе го однесат читателот во светот на цветна градина,да се одмори да собере енергија и смисла за животот,да се избришат сите темни ќошеви од душата.Овој меѓународен зборник на Македонски јазик, изобилува со сензационалност и автентичност,се среќаваме со песни кои ќе те одведат до една вртоглава прошетка во соништата на посакуваната љубовна романса.

Авторите тоа го направија на свој начин,по свој стил,како што доликува на вистински уметници,затоа што уметниците не знаат за граници.

Фантастични љубовни приказни насликани со зборови,во кои љубовта е основен темел на еден посебен свет, со многу чувства и емоции и сето тоа излеано во стих, стиховите во песна, за душата за срцето,песна над песните,собрани во овој фолдер, под името ,,СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО“.

Да се биде во орото меѓу ѕвездите е привилегија и виза за ново поетско воздигнување во рамките на современата Македонска поезија, која светот го носи со себе,во сите органи,во клетките кои неуморно ткаат тканина шаренолика, извор на нов опев, на нов врисок, што ќе достигне до сетилата на вљубениците на пишаниот збор,но и до вљубениците на животот,зашто животот е убав низ песна. Ете така е погледот во светот на уметничките души,уморен од разноликоста, но со сегмент на убавото во меѓусебните релации меѓу индивидуите. Таа градација на поетското во сите нас, первертирањето преку песните,преку различни стилови и жанрови, во кои се пронаоѓаат многумина во ова поднебје, записи за сечиј вкус разноликоста која уште повеќе му дава вреднување на овие поетски творби. Тоа го можат и знаат на свој и својствен начин вешто креирајќи ги песните за душа.

Кога ќе се прочитаат овие записи, многумина ќе мислат дека ја прочитале интимата на поетските души, но не тие ја опишаа тајноста на многу мина околу себе, успеваат на некој начин да навлезат во подсвеста и да одкраднат од нивното тајно минато, сегашност или иднина и сето тоа да го прикажат преку својот лик, преку своето јас. Но сепак тој амалгам, соединение од милиони карактери, и личности како делови од овој свет, свет кој се обидуваме да го носиме во себе и со себе, кога проговорат свеста и подсвеста, импресиите тие само ќе го навезат на лист бела хартија, со своето перо што неуморно танцува во ноќта во рамките на Македонската поезија, во служба на Македонската кауза. Тој креативен потенцијал во себе, и внатрешните пориви од длабочината на душата прават едно заедништво пренесено на хартија во вид на поетски запис, безвременски, вечен, внесувајќи ја читачката публика во игривоста на песните од мугрите до залезот на шареноликиот фолдер ,,СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО“, шепот на душата од автори на Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Австрија, Германија и Австралија.

Олга Наумовска

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55783

Posted by on Oct 23 2014. Filed under Литература, Став, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1