|

Античките мозаици од Равена во Археолошкиот музеј

Пред македонската јавност за прв пат се изложени 25 избрани мозаици од вкупната колекција од 60 мозаици, кои се светско културно наследство и се заштитени од УНЕСКО …

010 mozaici Ravena oktomvri 2014

Колекцијата е изработена во почетокот на 50-тите години од 20 век, а делата се идентични копии на оригиналите кои и денес се неразделив дел од монументалните градби во Равена. Во Археолошкиот музеј на Македонија синоќа беше отворена изложбата „Античките мозаици од Равена”. Изложбата ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели.

024 mozaici Ravena oktomvri 2014

Пред македонската јавност за прв пат се изложени 25 избрани мозаици од вкупната колекција од 60 мозаици, кои се светско културно наследство и се заштитени од УНЕСКО. Колекцијата е изработена во почетокот на 50-тите години од 20 век, а делата се идентични копии на оригиналите кои и денес се неразделив дел од монументалните градби во Равена. Изведбата на копиите била под кураторство на група мозаичари од Академијата за ликовни уметности, кои го чувале древниот рачен занает. Во последните педесет години различни селекции на овие дела, кои се сопственост на градот Равена, се изложувани во повеќе градови во Европа и во светот. Македонската јавност за прв пат има можност да ги види најзначајните дела од оваа колекција кои конечно пристигнаа во родната земја на императорот Јустинијан, кој бил и инспирирачка фигура за нивното создавање.

Равена е престолнина на мозаикот, чувар на најбогатото светско наследство на антички мозаици од 5 и 6 век. Тој е антички град на северниот брег на Јадранското Море кој пред 1500 години бил престолнина на западната Римска Империја, престолнина на Теодорико – првиот готски крал и престолнина на византиската империја во Европа. Од тој период е огромното наследство од религиозни градби декорирани со мозаици. Во мозаиците од Равена е родена христијанската иконографија; испреплетеност на реализам и симболизам, на римски и византиски влијанија. Седумте свети градби во Равена, кои во својата внатрешност ги имаат мозаиците од оваа изложба, во 1997 година УНЕСКО ги прогласи за светско културно наследство.

Изложбата, која се реализира по повод претседавањето на Италија со Европската Унија, ќе биде отворена до 8 јануари 2015 година.

07mozaici Ravena oktomvri 2014

016 mozaici Ravena oktomvri 2014

020 mozaici Ravena oktomvri 2014

023 mozaici Ravena oktomvri 2014

022 mozaici Ravena oktomvri 2014

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55845

Posted by on Oct 25 2014. Filed under Археологија, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1