|

Ново издание на проектот „Уметност на билборд 2“

Арс Акта одлучи да го продолжи овој концепт во континуитет, секогаш со нов дискурс за визуелна комуникација и со поинаква методологија при селекцијата на автори …

umetnosta na bilbord 2 3

Денес (вторник, 28.10.2014 година) ќе бидат поставени 8 уметнички решенија на билборд локации низ градот Скопје, како дел од најновото издание на проектот „Уметност на билборд 2“ во организација на Институтот за уметност и култура Арс акта од Скопје.

Поради успехот кој го доживеа овој иницијален проект во 2012 година со својата прва изложба, Арс Акта одлучи да го продолжи овој концепт во континуитет, секогаш со нов дискурс за визуелна комуникација и со поинаква методологија при селекцијата на автори.

Темата на овогодинешниот настан е „Прокрастинација“. Целта на Институтот Арс акта со изборот на оваа тема е да се проникне во суштината на оваа појава, како мошне чест феномен во македонското современо живеење, преку импакт врз актуелната уметничка сцена, а за таа цел ќе го користи како медиум форматот на билборд плакат.

Оваа општочовечка особина сепак ја согледуваме како една вткаена и веќе нашироко распространета постапка кај нас во Македонија, па затоа локалната оправданост за изборот на концептот не доведе до разгледување на минатото и креирањето на идентитетот согледани преку себереференцијалноста, нивото на свесност, односот кон перфекционизмот, филозофијата на малите народи и сл. Потоа, како можни причини за појавата на прокрастинација се наметнуваат неминовно и социо-општествените услови во Македонија, фамилијарната меѓузависност, несистематичноста, едукацијата, воспитувањето; политичкото уредување, еднопартискиот ситем, плурализмот, слободата на говор, стигматизацијата, авто-цензурата итн.

umetnosta na bilbord 2 mapa

Арс Акта ја предложи начелната идеја, а куратори на концептот се Бојана Јанева-Шемова и Ана Франговска. На овој проект се поканети 9 македонски афирмирани куратори (како ко-куратори на Арс Акта) избрани со цел да дадат индивидуален одговор на предложениот концепт со избор на еден автор со едно дело.

Учесници на проектот „Прокрастинација-Уметност на билборд 2“ се:
- Соња Абаџиева (ко-куратор) – Зоран Георгиев (уметник)
- Ивана Васева (ко-куратор) – Филип Јовановски (уметник)
- Билјана Исијанин (ко-куратор) – Мирна Арсовска (уметник)
- Владимир Јанчевски (ко-куратор) – Игор Тошевски (уметник)
- Мелентие Пандиловски (ко-куратор) – Лучезар Бојаџиев (уметник)
- Нада Прља (ко-куратор) – Велимир Жерновски (уметник)
- Маја Чанкуловска-Михајловска (ко-куратор) – Ирена Паскали (уметник)
- Арс акта (Ана Франговска, Бојана Јанева-Шемова – куратори) (Радмила Ончевска, Борис Шемов, Игор Сековски – уметници).

Проектот е финансиран и е дел од годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

umetnosta na bilbord 2 1

umetnosta na bilbord 2 2

umetnosta na bilbord 2 3

umetnosta na bilbord 2 4

umetnosta na bilbord 2 5

umetnosta na bilbord 2 6

umetnosta na bilbord 2 7

umetnosta na bilbord 2 8

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=55923

Posted by on Oct 28 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1