|

Во МАНУ се одржува научна конференција за популарната култура

Конференцијата е посветена на одбележувањето на јубилејните педесет години од основањето на Центарот за современи културолошки студии на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија.

konferencija_popular_culture_logo1

Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Културолошките студии во книжевноста при истата установа на 3 и 4 ноември 2014 година во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Меѓународната научна конференција „Популарната култура: поглед одоздола“.

Конференцијата е посветена на одбележувањето на јубилејните педесет години од основањето на Центарот за современи културолошки студии на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија (1964-2014),чие влијание и наследство е присутно во рамките на магистерските и докторските културолошки студиски програми на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје.

Конференцијата „Популарната култура: поглед одоздола“ според својата концепција има за цел да ги истражи актуелните односи на сила на полето на културата што влијаат во обликувањето на статусните хиерархии во општеството, да се осврне кон дефинирањето на механизмите со кои се определуваат општествените статуси центар и периферија, како и да ги расветли општествените норми кои ги наметнуваат односите на репресија или маргинализација. Оттука, очекуваните резултати од размената на согледувањата на врвните домашни и странски теоретичари од областа на културата се насочени пред сè кон анализата и критиката на популарната културна продукција во глобални рамки, но и кон осмислувањето на нови поврзувања меѓу различните културни форми во секојдневниот живот.

Насочувајќи се кон што поисцрпно истражување на рецентната феноменологија на популарната култура, конференцијата „Популарната култура: поглед одоздола“ воедно е замислена како собир отворен и за заинтересираната јавност.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56159

Posted by on Nov 3 2014. Filed under Настани, Наука, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

1 Comment for “Во МАНУ се одржува научна конференција за популарната култура”

  1. […] одржана меѓународна научна конференција под наслов „Популарната култура – поглед одоздола“. Во фокусот на конференцијата беше популарната […]

Leave a Reply

UA-20274170-1