|

Комедијата „Црногорец во кревет“ гостува во Универзалната сала

Претставата  „Црногорец во кревет“ по својот жанр е урнебесна комедија која се занимава со црногорските обичаи, со сите маани и доблести на црногорскиот човек и е  сработена на многу духовит и хумористичен начин.

crnogorec_vo_krevet2

Денеска (11-ти ноември, вторник)  со почеток во 20:00 часот во Универзална Сала – Скопје гостува урнебесната комедија „Црногорец во кревет“, која според посетеноста на претставите важи за најгледаната претстава во Регионот, претстава која ги обиколи сите бивши ЈУ републики.

Претставата  „Црногорец во кревет“ по својот жанр е урнебесна комедија која се занимава со црногорските обичаи, со сите маани и доблести на црногорскиот човек и е  сработена на многу духовит и хумористочен начин. Таа не содржи никакви политички, верски и национални елементи, во неа нема ниту навреди, ниту говор на омраза и единствена цел и е да ги расположи и насмее посетителите од  сите возрасти.

Во претставата се зборува за животните фази од раѓањето па до доцни години, а текстот прикажува разни стереотипи за Црногорците. Ако нешто како што е смеењето, недостасува во животите кои ги живееме, тоа во оваа претстава е загарантирано и тоа полни два часа. Претставата ќе има само една изведба во Скопје и нема да има репризи до крајот на годината.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56172

Posted by on Nov 11 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1