|

Одбележување на Денот на полскиот јазик и култура

По повод 55 години од полонистиката во Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Амбасадата на Република Полска во РМ организираат свечено отворање на настанот „Ден на полскиот јазик и полската култура“.

den_na_polskata_kultura

Настанот ќе се одржи на денеска (10 ноември 2014 година, понеделник) од 11:30, во тркалезната сала на УКИМ.

Во рамките на настанот предвидени се и следните активности:
- дебата на тема „Полонистиката во Македонија, полскиот јазик во светот: трендови и перспективи“ (12:30-15:30, тркалезна сала, Ректорат);
- отворено предавање за студенти на тема За 60 минути околу Полска, прв час по полски јазик (13:00-15:30, Сала за седници, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје); и
- концерт на групата Жешов Клезмер Бенд (16:00, Аула, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје).

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56237

Posted by on Nov 10 2014. Filed under Општество. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1