|

Скопската гимназија „Никола Карев“ го слави 70-от роденден

СУГС гимназија „Никола Карев“ оваа година го прославува 70-тиот роденден.

 

sugs_nikola_karev

Како дел од активностите, денеска (среда, 5 ноември) во 18:30 ќе биде промовирана и монографија за училиштето.

По повод јубилејот од училиштето информираат: „Бројката кажува дека сме во годините на вистинска зрелост, кога се жнеат резулататите од напорната работа, од континуираното одење кон целта и желбите секогаш да се биде во друштво на најдобрите“.

Празнувањето ќе биде низ повеќе активности:
•    03 и 04 ноември (понеделник, вторник) – натпревари и квизови по различни предмети, организирани на ниво на активи; литературен и ликовен конкурс;
•    03 и 04 ноември – спортски натпревари во фудбал – машки и одбојка – женски помеѓу екипи од средни училишта од општина Карпош;
•    05 ноември (среда) – финални средби во спортски натпревари;
•    05 ноември – промоција на Монографија – 18:30 часот, доделување на награди од натпревари за ученици.
•    06 ноември (четврток) – отварање на филозофски клуб во училиштето, вклучување во Europe Code week
•    07 ноември (петок) – журка за ученниците;
•    09 ноември (недела) 19:00 – централен настан во МОБ.

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
„СУГС „Никола Карев“ како прва гимназија во Македонија е модерно училиште со долга традиција, квалитетен и стручен наставен кадар, современо опремено со компјутеризирани училници, спортска сала, библиотека. Училиштето обезбедува сигурна и безбедна средина во која се образова, воспитува и насочува кон подигање на еколошката свест кај младите, поттикнува индивидуалност, креативност и обезбедува солидна основа за продолжување на високообразовните институции“.

ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
„Да станеме модерно и ефективно училиште во кое сè што ќе се работи ќе биде за доброто на учениците, за постигнување повисоки резултати во сите области – како во училиштето, така и надвор од него. Училиштето да има квалитетни и мотивирани наставници кои сета своја енергија ќе ја насочат кон мотивирање на учениците за постигнување подобри резултати работејќи во модерни и компјутерски опремени кабинети.

Да создадеме училиште во кое еко-свеста на учениците ќе биде на високо ниво, ќе го промовира мирот, ненасилството и мултиетничката интеграција и, секако, училиште што ќе им го трасира патот на учениците кон високообразовните институции, задоволувајќи ги критериумите за влез на истите.

Учениците се главната причина заради која сме во училиштето, главната причина заради која работиме, се трудиме, вложуваме… Токму тие – учениците – се нашата иднина, идните столбови на нашето општество…

Нивните желби и потреби се несомнено големи, па во таа насока правиме сè што можеме за нивниот престој во училиштето да биде попријатен и тие навистина да почувствуваат дека тоа е нивниот втор дом“ – велат од „Никола Карев“.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56263

Posted by on Nov 5 2014. Filed under Општество. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

1 Comment for “Скопската гимназија „Никола Карев“ го слави 70-от роденден”

  1. Ubavo proslavuvaat, ste ja napissale agendata, no da se navratevte malku na bogatata istorija na ova uccilisste, ako dobro se sekjavam toa bilo prvata uccitelska sskola vo Makedonija, potoa stanala gimnazija!

Leave a Reply

UA-20274170-1