|

Изложба на графики од мал формат во Софија

Ретроспективна изложба на графики од мал формат од Меѓународното биенале во Тетово, во салонот на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија …

graficko bienale tetovoНа 5 Ноември во салонот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, ќе биде отворена ретроспективна изложба на графики од мал формат од Меѓународното биенале во Тетово. Организатори на изложбата се НУ Музеј на тетовскиот крај во Тетово и нашиот Центар во Софија, со поддршка од македонското Министерство за култура. Изложбата ќе ја отворат Васко Шутаров и Велимир Цветановски.

На изложбата ќе бидат претставени 240 графики, во сите можни графички техники. Ќе бидат претставени дела на графичари од 70 држави во светот кои на некој начин го претставуваат најдоброто од современиот графички израз. Изложбата претставува пресек на графичките вештини на уметниците-графичари во изминатите 13 години-од првото биенале во 2001 година, до последното во 2013 година.

bienale tetovo izlozba sofija

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во Софија до 21 Ноември.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56277

Posted by on Nov 5 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1