|

Авантурата „Хектор во потрага по среќа“ и во нашите кина

Вооружен со љубопитство и храброст, Хектор одлучува да тргне во авантурата на животот – да ги испроба нешта кои никогаш не ги пробал, да посети места кои не ги посетил и да се обиде да го живее животот до максимум.

Hector_and_the_Search_for_Happiness

Интересната и егзотична авантура „Хектор во потрага по среќа“ од денеска (6 ноември, четврток) стигнува и во македонските кина.

Си бил еднаш еден млад психијатар по име Хектор, кој не бил баш задоволен од себе… Затоа решил да тргне на пат околу светот. Каде и да отидел, се обидувал да утврди зошто луѓето се среќни или несреќни. Режисерот Питер Челс ја пренесе на големото платно приказната за ексцентричниот психијатар Хектор, создадена врз основа на успешниот роман на Франсоа Лелор. Шармантната метафора за модерниот живот, во која главните улоги ги играат Сајмон Пег и Розамунд Пајк, публиката ќе има можност да ја види во филмот „Хектор во потрага по среќа“ од 6 ноември.

Хектор (Сајмон Пег) е успешен млад лондонски психијатар. Трпелив е, помалку ексцентричен, но ги слуша своите клиенти и со задоволство им помага. Но, многу од луѓето кои му доаѓаат немаат никакви здравствени проблеми: едноставно се длабоко разочарани од своите животи. Хектор не може многу да им помогне и поради тоа станува потиштен и уморен од своето секојдневие. Се чувствува како измамник, ги советува пациентите, а ни самиот не го искусил животот во целост.

На бурниот пат, од Париз до Шангај, преку Африка и САД, посветено забележува во својот нотес што ги прави луѓето среќни. Ќе се обиде да одговори и на бројни егзистенцијални прашања, меѓу кои и следното: „Дали е поважна целта или патот до неа?“

Во филмот на Питер Челс, покрај Пег и Пајк, играат и Стелан Скарсгард, Жан Рено, Тони Колет и Кристофер Палмер.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56301

Posted by on Nov 6 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1