|

Денеска започнува BTKRSH FSTVL 2014

BTKRSH FSTVL 2014, музички фестивал во организација на скопскиот уметнички колектив BTKRSH, ќе се одржи од 6 до 9 ноември 2014 на повеќе локации низ Скопје.

btkrsh festival

BTKRSH Festival 2014 e повеќедневен настан кој трае четири дена (6-9 ноември) и ќе се одвива во четири различни локации во Скопје (Дамар, Капан Ан, Излет, Сектор).

Примарните ѕвезди на овогодинешното издание се авангардното електронско дуо SHXCHXCHCSHX (настап во живо, Шведска), Why Bane Why (DJ, Србија), Vertical Sofa (настап во живо, МК), Jan Nemecek (настап во живо, Србија) и Димитар Додовски (настап во живо, МК), додека во рамките на фестивалот настапуваат и 11 локални BTKRSH DJ-и (Andreas Hz, Ogie, B.atl, Martchin, Marko Rikaloski, Ulterior, Lowdown, Hade, Hypertech, D.Lite, Puk’kah) a за визуелниот дел се одговорни Lazy Kidz Visualz (МК).

BTKRSH е издавачка куќа и музичка промоција со седиште во Скопје која токму на овој фестивал ќе го прослави своето тригодишно постоење. Досегашните BTKRSH настани редовно го привлекуваат вниманието на скопската, но и пошироката светска музичка јавност и само во текот на оваа сезона промоцијата е заслужна за настапите на серија интернационални ѕвезди од калибарот на Vatican Shadow, Felix K, NHK’Koyxen, Bas Mooy, Florian Kupfer, Brando Lupi, Ness, Deepbass, Marc D’Arrigo, Jan Nemecek, MKDSL & Jevta-Prvi Tejkovi, Lag, Forest People, CFSN DJ’s, Balkansky, Nuff, CRSpace…

На домашната сцена BTKRSH застапува 17 артисти и DJ-и, како и 4 видео/мултимедијални уметници. BTKRSH настаните се реномиран и важен дел од локалната уметничка сцена, но и ноќниот живот во Скопје.

Детална програма по денови

>> ЧЕТВРТОК (6 ноември)

Отворање на фестивалот: Marko Rikaloski & Ogie @ Дамар

[почеток: 21:00 // слободен влез]

>> ПЕТОК (7 ноември) @ Капан Ан :::

[почеток: 00:00 // 200 ден]

Jan Nemecek (Norbu/Soundhitectures)

Why Bane Why (Drugstore)

Hade + Hypertech

Ulterior + Lowdown

Петочна предзабава: Andreas Hz + Why Bane Why @ Дамар

[почеток: 21:00 // слободен влез]

>> САБОТА (8 ноевмри) @ Капан Ан

[почеток: 00:00 // 200 ден < 01:00am < 250 ден]

SHXCXCHCXSH -live- (Avian / Sweden)

Vertical Sofa -live-

Martchin

Andreas Hz

Marko Rikaloski

>> НЕДЕЛА (9 ноември) @ Сектор 909

[почеток: 00:00 // 100 den]

Jan Nemecek presents: Fragmented -live- (Norbu/Soundhitectures)

Dimitar Dodovski -live- (nature bliss, carpe sonum, databloem)

B.ATL (btkrsh/dsph sounds)

BTKRSH DJs ambient set: Ulterior & Andreas Hz & Marko RIkaloski

>> Неделна предзабава: D. Lite + Puk’kah + Ogie @ Излет Кафе

[старт 14:00 - целодневен настан // слободен влез]

***

Визуализации на фестивалот: Lazy Kidz Visualz

Дизајн: Voislav Dimitrijevic & Nikola Kungulovski

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56304

Posted by on Nov 6 2014. Filed under Настани, Урбана култура. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1