|

Премиера на „Интерстелар“ и „Хектор…“ во Синеплекс

Режисерот, сценарист и продуцент на филмот „Интерстелар“, Кристофер Нолан, поставува провокативно прашање за тоа каде е местото на човековиот род меѓу ѕвездите.

interstelar2

Филмот „Интерстелар“  на Кристофер Нолан во Синеплекс премиерно ќе биде прикажан на 6 ноември (четврток), на еден ден пред премиерата во САД.

Човечкиот род својата судбина отсекогаш ја обликувало поместувањето на границите – од првите бродови кои заполовија кон хоризонтот до првите човекови чекори на површината на Месечината – но, крајната граница се уште не ни е на дофат.

Интересната и егзотична авантура „Хектор во потрага по среќа“ во Cineplexx исто така доаѓа на 6 ноември.
Режисерот Питер Челс  на големото платно  ни ја носи  приказната за ексцентричниот
психијатар Хектор, создадена врз основа на успешниот роман на Франсоа Лелор. Шармантната
метафора за модерниот живот, во која главните улоги ги играат Сајмон Пег и Розамунд Пајк,
публиката ќе има можност да ја види во филмот „Хектор во потрага по среќа“ од 6 ноември.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56324

Posted by on Nov 6 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1