|

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.

pres_dobitnici_na_13_noemvriska_nagrada
Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2014 година.  Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Санде Стојчевски и членови: Авни Халими и Петар Гичаровски.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2014 година се:

Од областа на науката и здравствената заштита
ИЛИЈА ВЕЛЕВ
АФРИМ ОСМАНИ

Од областа на образованието и воспитувањето
ЃУЛУМСЕР КАСАПИ

Од областа на културата и публицистиката
СИМОН БЕЛИЧАНЕЦ
СТОЈАН ТАРАПУЗА

Од областа на уметноста
СЛАВИЦА ПЕРТОВСКА ГАЛИЌ
ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ

Од областа на спортот
БРАНИСЛАВ ДАВИТКОВСКИ

Ученици и студенти
МАЈА БОШКОВСКА
ВЕЈЧЕСЛАВ ПОПОВСКИ

Наградата „13 Ноември на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот.

Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56327

Posted by on Nov 5 2014. Filed under Општество. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1