|

Краткометражната анимација „Денот на крвавите непца“ и во Скопје

Во „Денот на крвавите непца“ станува збор за сиромашен „уметник-камикази“, кој се прехранува од своите дела, но не на традиционален начин.

 

Mobil Festival 2014 Poster

Филмот што ја освои наградата за најдобра анимација на филмскиот фестивал Hollywood Weekly во Лос Анџелес ,краткометражна анимација „Денот на крвавите непца“, цртана на смартфон, од авторот Димитар Димитров од Бугарија, ќе се прикажува на Мобил Фестивал 2014 во Скопје.

Анимацијата е направена според расказот на Дилијан Еленков.
Во „Денот на крвавите непца“ станува збор за сиромашен „уметник-камикази“, кој се прехранува од своите дела, но не на традиционален начин.
Покрај оваа голема награда, „Денот на крвавите непца“ е носител и на шест други признанија, меѓу кои Наградата на Унијата на бугарските филмски дејци на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Варна, наградата „БГ Видеохолик“ на фестивалот „Видеохолика“ во истиот град и награда од специјален фестивал за филмови правени на смартфон во Торонто.
Авторот на филмот Димитар Димитров ќе биде специјален гостин на овогодинешното издание на Мобил Фестивал и ќе одржи работилница на 21-ви ноември во Скопје,

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56365

Posted by on Nov 7 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1