|

Бугарската уметница Мариана Везарова изложува во Прилеп

„Едно лето“ е тематската изложба на слики од уметницата Мариана Везарова од Бугарија.

mariana_vezarova_izlozba_prilep

Изложбата ќе биде отворена денеска (петок, 7 ноември) во 19:00 часот во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ова е прво претставување на Везарова во Прилеп.

- Убавината на природата, на мистичното кај  морето, тревите, дрвјата, цветовите тоа е она што ме инспирираше за овие дела.  Тука е и божјото присуство, силата на љубовта. Ги пренесувам и впечатоците од сенките на дрвјата, нежноста на цветовите. Делата, акрил на платно ги создавав на убави места низ Македонија, како Михајлово, Валандово, Кавадарци со многу емоции  – вели Везарова.
Податоци за уметницата:
Мариана Везарова има завршено Уметничка академија во Софија во класата на професорот Васил Овчаров. Завршила и арт менаџмент во Бостон, САД. Имала изложби во галерии низ Бугарија, Канада, Велика Британија. Нејзини слики се наоѓаат во Мароко, Јапонија, Африка, Франција, САД, а учествувала на колонии во Бугарија, Македонија, Бали, Грција.
12 години работи како професор на Универзитет во Благоевград.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56380

Posted by on Nov 7 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1