|

Форумот на словенските култури одбележува 10 години постоење

Во рамки на Форумот се реализира проектот „Сто словенски романи“, во кој учествуваат пет држави (Македонија, Србија, Словенија, Словачка и Русија) и досега се преведени 42 книги. Секоја од земјите има список со десет автори кои ќе ги преведува. Оваа година со поддршка од Министерството за култура издавачката куќа „Слово“ го преведе и го отпечати романот „Волчја ноќ“ од словенечкиот писател Владо Жабот …

forum na slovenski kulturi 3

Со трет семинар за музејска дејност, овојпат посветен на театарската музеологија во 21 век, денеска во Македонскиот народен театар во Скопје започна одбележувањето една деценија од Меѓународната фондација Форум на словенските култури. Во Форумот се обединети 13 држави и над 300 милиони нивни жители (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Украина, Русија, Белорусија, Полска, Чешка и Словачка), кои соработуваат и разменуваат знаења и искуства за проекти што треба да ги зачуваат и негуваат нивните култури.

Андреја Рихтер, директорка на Меѓународната фондација Форум на словенските култури, чие седиште е во Словенија, изјави дека сите 13 земји-членки соработуваат во проектите и затоа Форумот, рече таа, е уникатна установа за која има интерес на Запад – во Брисел и Стразбур, во УНЕСКО во Париз и на сите големи саеми на книгата во светот.

– Морам да и се заблагодарам и на вашата министерка Елизабета Канческа-Милевска, која е претседател на Управниот одбор на форумот три години, во кои направивме многу за поврзување на институциите, поединците и држвите. Преку проектите од културното наследство, јазикот, музиката, танцот, Форумот ги поврзува луѓето. Со десет години постоење се уште сме млада установа, но важно е што во тој период најдовме свои партнери – над 3000, со кои сме постојано во контакт, рече Рихтер.

forum na slovenski kulturi 2

Во рамки на Форумот се реализира проектот „Сто словенски романи“, во кој учествуваат пет држави (Македонија, Србија, Словенија, Словачка и Русија) и досега се преведени 42 книги. Секоја од земјите има список со десет автори кои ќе ги преведува. (Оваа година со поддршка од Министерството за култура издавачката куќа „Слово“ го преведе и го отпечати романот „Волчја ноќ“ од словенечкиот писател Владо Жабот).

– Оваа година добивме и европски средства, така што ќе има и преводи на англиски и на португалски јазик. Португалски затоа што планираме за две години Форумот на словенските култури да го претставиме во Бразил, рече Рихтер, која потсети и на заедничкиот проект на земјите-членки – изложбата „Словенските карневали“, која беше и во седиштето на УНЕСКО, како и проектот што се планира – да се претстави храната што е типична за секоја од словенските држави. – Три јадења ќе ставиме на агендата, така што следната година ќе имаме нова публикација и тоа, исто така, ќе биде проект што ќе го претставиме во Бразил, додаде директорката на Форумот.

– Уверена сум дека денешниот семинар за театарската музеологија во 21 век ќе овозможи пред вас да го презентираме нашиот нов виртуелен музеј, но и да размениме нашите искуства во однос на историксите реконструкции во музејот, употребата на новите технологии во постојаните музејски изложби, како и дигиталната содржина на музејските поставки, рече меѓу другото Канческа-Милевска.

По повод десет години од постоењето на Форумот, првпат ќе биде доделена и наградата „ЖИВА“ за најдобар словенски музеј. За наградата на конкурс аплицирале 14 музеи (освен од Полска и Хрватска), а 11-члено жири од секоја држава одлучува за наградата според утврдени критериуми. Наградата ќе биде соопштена и доделена вечер во МНТ, каде што ќе биде отворена и изложба „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград, а одбележувањето на 10-годишниот јубилеј ќе заврши со концерт „Претставување на нематеријалното културно наследство на словенските земји“.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56383

Posted by on Nov 7 2014. Filed under Настани, Наука, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1