|

Ричард Галијано ги воодушеви битолчани

Големата сала на Центарот за култура во Битола, беше претесна за сите оние кои сакаа да го видат и чујат францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано кој вчеравечер го отвори шестиот по ред „Фестивал на музика од светот“ …

richard galijano 1

Во Големата сала на Центарот за култура, која беше полна до последно место, присутните уживаа во музиката на францускиот виртуоз на хармоника и светски познатиот „Тангарија Квартет“. Во текот на целиот концерт битолчани и гостите од страна ракоплескаа и ги поздравуваа мајсторите на сцена извикувајќи „Браво“. На крајот ги вратија на бис, кометирајќи дека ова беше навистина прекрасно музичко патување.

Фестивалот продолжува со настапот на група „Фолтин“, вечерва во Центарот за култура и настапот на диџејот Али Дојран од Истанбул, во Хаус Бар на Широк Сокак.

richard galijano 3

richard galijano 4

richard galijano 2

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56389

Posted by on Nov 7 2014. Filed under Музика, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1