|

„Денови на македонското културно наследство“ во Баку

КУД „Дримкол“ од Вевчани ќе ја претставува Република Македонија во Баку, Азербејџан, на манифестацијата „Денови на македонското културно наследство“.

KUD_Drimkol_1

Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербејџан, Баку, и во градот – културна ризница – Агсу, ќе се одржат „Денови на македонското културно наследство“.

Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со целовечерна програма, на која ќе бидат презентирани традиционални песни и ора, носии и обичаи на Република Македонија.

Во рамките на оваа манифестација, проф. д-р Рубин Земон, претседател на Научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, ќе одржи предавање за богатото мултикултурно наследство на Македонија, придружено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Исто така, ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културното наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, предводена од  м-р Василка Димитровска.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонското културно наследство во Азербејџан“ ќе биде Организацијата за поддршка и истражување на културното наследство „МИРАС“ од Баку, Азеребејџан, предводена од  проф.
д-р Фариз Кхалили.
Деновите на македонското културно наследство  се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56400

Posted by on Nov 7 2014. Filed under Музика, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1