|

Италијански собирачи на соништа во Скопје

Оваа изложба, која е со гостувачки карактер, претставува дела од релационата уметност и се стреми да ја истражи визуелната сликовност на соништата.

cirkus_na_sonistata

„ Циркус на соништата“ (Dream Circus Project) на авторот Даниеле Катали од Италија е насловот на патувачката изложба со која ќе се претстави во сабота (8 ноември, 2014 год.) во Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современа уметност (ЦАЦ) од Скопје, со почеток од 13 часот.

Оваа изложба, која е со гостувачки карактер, претставува дела од релационата уметност и се стреми да ја истражи визуелната сликовност на соништата. Таа се претставува во форма на инсталација направена од стотици мали цртежи на хартија на кои се претставени соништа.
Посетителот, во рамки на овој проект, е поканет да напише/нацрта некој свој сон или кошмар кој оставил особен впечаток врз него/неа. За секој собран сон се продуцирани еден или повеќе цртежи а во замена за секој сон, посетителите можат да изберат меѓу понудените цртежи на соништа кои се креирани за некој друг сон.
Како што се одбираат цртежите, инсталацијата се менува овозможувајќи простор за нови слики. Оваа размена ја прави инсталацијата со менувачки и недефиниран карактер која е секогаш во прогрес: понекогаш се прикажани стотици цртежи, понекогаш се само неколку дузини. Оваа изложба го испитува човековото несвесно и го става на површина, вадејќи ги највнатрешните чувства на посетителот и притоа предејќи невидливи нишки кои заедно поврзуваат непознати луѓе, места и градови.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56412

Posted by on Nov 8 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1