|

Во Гевгелија одржана работилница на УН за гласот на младите

Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите на кои што треба да се работи за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации.

rabotilnica_UNFPA_gevgelija

Во Гевгелија се одржа првата работилница од караванот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА)  под наслов Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“.

Квалитетни работни места, подобро образование, подобри здравствени услуги и зачувување на животната средина – се според младите од Гевгелија приоритетни теми на кои што треба да се работи.

„Многу е важно да се инвестира во младите и да се создадат повеќе можности да се слушнат нивните потреби, идеи и нивната визија за иднината. Во следните 10 дена ќе се одржат уште три работилници со млади во неколку различни града. Сите идеи и предлози што ќе се соберат од младите ќе бидат презентирани на 18 ноември на регионална работилница – за време на која уште 17 земји ќе зборуваат за потребите на младите. Ова е своевидно продолжување на светската дебата за усвојувањето на новите одржливи развојни цели кои и официјално ќе бидат усвоени на Генералното собрание на ООН во 2015 година, а ќе се стремат кон целосно искоренување на сиромаштијата во светот, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, достигнување на родовата еднаквост и рамномерен одржлив развој.” велат од УНФПА.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56435

Posted by on Nov 8 2014. Filed under Општество. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1