|

Новиот број на „Стожер“ на веб-страницата на ДПМ

Љубителите на литературата го добиваат во електронска форма 119-от број на книжевниот гласник на Друштвото на писателите на Македонија кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука.

 

dpm_knigi

Новиот број на книжевната ревија „Стожер“ од денеска е поставен на веб страницата на Друштвото на писателите на Македонија www.dpm-pisateli.mk.

Со ова љубителите на литературата го добиваат во електронска форма 119-от број на книжевниот гласник на Друштвото на писателите на Македонија кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука. Застапени се прилози од домашни и странски писатели од различни генерации, меѓу кои:  Вера Чејковска, Владимир Костов, Сергеј Главјук, Братислав Ташковски, Соња Стојменска Елзесер, Петре Димовски, Пабло Неруда, Мирјана Стојановска, Благој Самоников, Јусуф Едип, Олга Панкина, Кире Неделковски и Санде Стојчевски. Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со  информации за актуелните активности и за настаните што ги организира Друштвото на писателите на Македонија.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56450

Posted by on Nov 9 2014. Filed under Литература, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1