|

Успешен настап на Театар Комедија во Торонто

Meadowvale театар беше претесен за сите оние кои беа дојдени за хит претставата Стјуардеси од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов.

teatar komedija stjuardesi kanada 2

На 7 ноември 2014 година во театарот Meadowvale, Театар Комедија успешно го оствари своето гостување во Торонто, Канада. Претставата беше одлично прифатена од публиката, која во најголем процент беа македонските иселеници кои живеат и работат во Торонто и неговата околина, а на крај актерите беа наградени со овации од публиката.

Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Нина Деан, Кристина Ласовска, Маја Љутков и Марија Кондовска. Комплетниот дизјан е на Илина Ангеловска, а музиката на Драган Ѓаконовски- Шпато. Ова гостување на Театар Комедија во Канада, е во целост поддржано од Министерството за култура на  Република Македонија.

teatar komedija stjuardesi kanada 1

Со оваа меѓународна соработка Театар Комедија ја оствари својата трета меѓународна соработка во овие две години, после учествата на фестивалите во Турција и Босна, а до крајот на годината треба да оствари гостување и во Подогорица.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56456

Posted by on Nov 9 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1