|

Прогласени најдобрите филмови на фестивалот за планински филм – ЕХО

Стручното жири во состав Влатко Галевски, Борјан Зафировски и Игор Анѓелков наградија четири филма.

eho_festival_na_planinski_film_logo_2014
Од 3 до 6 ноември во кината „Милениум“ и „Фросина“ во Скопје се одржа петтото по ред издание на Фестивалот за планински филм – Ехо, каде што беа прикажани голем број на странски, но и македонски филмови, кои ја опфаќаат тематиката на планинските спортови.

Стручното жири во состав Влатко Галевски, Борјан Зафировски и Игор Анѓелков наградија четири филма. Во категоријата долгометражен филм, награден е “Nordfor Sola” во режија на Жорн Ранум и Инге Веге од Норвешка, за најдобар среднометражен филм е прогласен македонскиот филм „Кон Врвот“, додека пак титулата најдобар краткометражен филм ја понесе филмот „Cold” на Ансон Фогел. Покрај овие три филма, жирито одлучи да му додели специјална награда на режисерот Растислав Хатијар за филмот „ Blind Trust”.

Својот глас го даде и жирито составено од студенти на Факултетот за драмски уметности – Скопје во состав: Михаил Димитров, Марко Џамбазоски и Горјан Атанасов, за кои апсолутен победник беше филмот „Cold”.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56462

Posted by on Nov 10 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1