|

Дримкол од Вевчани го претстави македонскиот фолклор во Азербејџан

Во преполнетата сала во колевката на културата во Азербејџан градот Агсу, КУД Дримкол од Вевчани одржа спектакуларен концерт во рамките на манифестацијата Денови на Македонското културно наследство, која се одрзува во Баку и Агсу, овие денови.

drimkol vevcani 2КУД Дримкол од Вевчани ја воодушеви публиката со традиционални игри, изворни песни и носии од различни краишта на Македонија.

На концертот беа присутни битни личности од политичкиот свет уметници како и предстваници на Министерството за култура на Азербејџан предводени од г-дин Ариф Алиев, директор за културно наследство од Министерството за култура и туризам во Азербејџан и г-ѓа Марича Хусеинова главен проект менаџер за археолошки туризам.

drimkol vevcani 1

За прекрасниот концерт јавно на сцената се заблагодари и градоначалникот на Агсу, а цели два часа беа потребни публиката после концертот да ја напушти салата која се сликаше со играорците на Дримкол од Вевчани.

КУД Дримкол од Вевчани уште еднаш ја потврдува својата професионалност и се доказува како вистински културен амбасадор на Република Македонија.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56475

Posted by on Nov 10 2014. Filed under Музика, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1