|

Конкурс за ликовни дела на тема „Книга и чај“

Најдобрите ликовни дела и автори ќе бидат наградени, а нивните ликовни дела ќе бидат презентирани на специјалната и репрезентативна изложба „Книга и чај“.

kniga i caj2

Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент, како организатори на традиционалната културна манифестација Фестувал на чајот и читањето, распишуваат Конкурс за ликовни дела на тема Книга и Чај.

Организаторите велат: „Сите автори од Републиката и странство имаат право да испратат неограничен број свои дела на оваа тема во било кој формат и во било која ликовна техника, а ќе бидат изложени на претстојниот Фестивал на чајот и читањето кој ќе започне на 4 февруари и ќе трае до 8 март во Културниот центар Феникс во Скопје.

Ликовните дела, заедно со куса биографија за авторите, треба да се испраќаат на следнава адреса: Издавачка куќа Феникс, ул.Костурски херои бр.35, 1000 Скопје, Република Македонија. Трудовите не се враќаат, а нив ќе ги разгледа и за наградите ќе одлучи посебна жири-комисија. Рокот за испраќање на ликовните дела е 15 јануари 2015 година“ – велат организаторите.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56488

Posted by on Nov 11 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1