|

Фотомедиа 2014 во Чифте амам

Како куриозитет на оваа Фотомедиа, додека се разгледуваат фотографиите, ќе биде пуштана музика која е софтверски генерирана од имињата на сите автори кои испратиле свои дела на изложбата, имињата на нивните дела и имињата на сите вклучени во процесот на подготовка на оваа Фотомедиа …

fotomedia 2014

Во среда, 12 ноември, во галеријата Чифте амам, се отвора четиринаесеттото меѓународно биенале на фотографската уметност – Фотомедиа, во организација на Фото Клуб Елема од Скопје. На изложбата ќе бидат претставени околу 150 фотографии од сите седум континенти.

ФК Елема опстои во скоро невозможни услови и успева да организира изложба која е значајна во светски рамки и која ја промовира Македонија ширум светот. Во денешно време каде што се гледаат само профитите и во морето на дигитални изложби кои неминовно донесоа турбо-фолк во фотографијата, со своето бавно биенално темпо Фотомедиа е една од ретките изложби на која се испраќаат готови-испечатени фотографии и која е апсолутно непрофитна и се базира на огромен волонтерски труд и посветеност кон фотографијата на дел од членовите на ФК Елема.

Иако е се помал бројот на општествено одговорни компании, односно скоро сите се брутално незаинтересирани за поддршка на квалитетни настани од културата, неколку македонски компании покажаа доблест и ја поддржаа и оваа Фотомедиа, како и Министерството за култура и Градот Скопје.

Добитник на овогодинешното гран при е Аугунас Ромуладас од Литванија, традиционално за денот на градот Скопје, наградата како покровител ја доделува Град Скопје. Како куриозитет на оваа Фотомедиа, додека се разгледуваат фотографиите, ќе биде пуштана музика која е софтверски генерирана од имињата на сите автори кои испратиле свои дела на изложбата, имињата на нивните дела и имињата на сите вклучени во процесот на подготовка на оваа Фотомедиа.

Изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Сергеј Андреевски а потоа следува традиционалната Фотомедиа журка.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56500

Posted by on Nov 11 2014. Filed under Мултимедија, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1