|

Премиера на претставата „Ангел“ на МДС од Прилеп

Се работи за претстава преку која се развива љубовта кон  театарот кај младите во градот, бидејќи е наменета за најмладата популација и допира теми кои нив моментно ги преокупираат.

angel pretstava na mds

,,Ангел,, од Д.М.Ларсон, во режија на Гоце Саздано е претставата која Младинското драмско студио „Театар 4 Студио 5“ при центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп  премиерно ќе ја прикаже денеска (среда,12 ноември) од 20:00 часот.

Кореографијата е на Климентина Трајческа, а во претставата играат Емилија Чавлеска, Давид Папазовски, Теодора Трајческа, Борче Василески, Надица Дојкоска, Филип Димчески, Стефанија Стефаноска, Андреј Стефаноски и Христијан Стојковски.

- Преку духот на 50 години, младите аматери актери ќе се обидат да ја раскажат приказната за Пеги и нејзината мисија – вели режисерот.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56520

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1