|

Нова поетска книга од Радован Павловски

Стихозбирката содржи осумдесетина песни кои се поделени во повеќе тематски циклуси – „Се случува вечност“, „Премногу живот“, „Семе за сеидба“, „Бел камен“, „Гостин во сонот“ и „Римска воденица“.

radovan_pavlovski_se_slucuva_vecnost

Познатиот македонски поет, академикот Радован Павловски  во поетската едиција на скопски Макавеј, ја објави новата збирка песни со наслов „Се случува вечност“, која претставува нов предизвик  и средба со ретките поетски дарови на овој исклучителен лиричар.

Поповод објавувањето на оваа нова книга на академикот Павловски, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски поетнцира:

„Добрите познавачи и читетаелите на поезијата на Радован Павловски знаат дека во фигуративниот арсенал од почетоците на присуството на овој лиричар во македонскиот книжевен живот, посебна нагласка имаат метафоричните одекнувања што ја штитат изворноста и оригиналноста на неговиот поетски текст. Во таа смисла високата сугестивност на доживувањето и во новата книга „Се случува вечност“ ги исполнува читателските очекувања, така што се соочуваме со постојана затегнатост на ракописот кое се стреми до трајно сраснување во поетското доживување на чудесниот лирски микс што поетото го прави со знаците на историјата, традицијата, митологијата и со неговиот чудесен личен космогониум импрегнирам со заумна и метафизичка маја“.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56524

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Литература, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1