|

„Споменикот на Мајкл Џексон“ за почеток на Синедејс

13то издание на фестивалот на европски филм “Синедејс“ќе трае од 13 до 22 ноември.

spomenik_na_Michel Jackson_film.jpg1

Утре (четврток, 13 ноември) започнува 13-то издание на фестивалот на европски филм – Синедејс.

Во знакот на „баксузната“ 13-ка е и највата на организаторите – МКЦ кои велат: „За овој суеверен јубилеј ги превземавме сите анти-баксуз мерки за беспрекорно да уживате во повеќе од 100 филмови, 200 гости, 10 концерти и 5 филмски работилници.

А се почнува со подигањето на „Споменикот на Мајкл Џексон“. Во таа чест, во четврток вечер на 13.11. во 20 часот во киното Милениум, на отворањето на фестивалот за вас и за сите ѕвезди на “Синедејс“, црн тепих. Свечените тоалети во духот на баксузната 13ка се задолжителни, а до Милениум ќе внимавате да не пројдете под бандера,  да не скршите огледало, чадорот ќе го оставите пред кино, а најмногу од с` – трудете се да ја одбегнете црната мачка, која цел фестивал ќе не демне.

На премиерата на филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ пред македонската публика ќе се поклони дел екипата предводена од режисерот и сценарист Дарко Лунгулов, глумците Драган Белогрлиќ, Борис Милосавлевиќ, како и нашите актери Тони Михајловски и Петар Мирчевски.

Филмот е српско, германска, македонско, хрватска копродукција. Оваа слатко-горчлива, но духовита љубовна драма, како што изјавува Лунгулов не е приказна за Мајкл Џексон, туку за нас, за потрагата по нови херои и нов идентитет, за потрагата за спас и надеж.

Билетите за премиерата на филмот  се веќе пуштени во продажба по цена од 150 денари.

За сите останати проекции од програмата на фестивалот кои ќе се прикажуваат во кино “Милениум“ билетите се по цена од 150 денари. Проекциите закажани во кино Фросина, Кинотека на Македонија и Џебно кино МКЦ, цената на билетите е 100 денари, освен пропратната прогама на фестивалот која е бесплатна“ – велат од МКЦ.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56527

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Настани, Театар/Филм, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1