|

Книжевно пладне посветено на Бранко Варошлија

По повод 80 години од раѓањето и 10 години од смртта, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, организира Книжевно пладне посветено на  македонскиот писател Бранко Варошлија.

biblioteka brakja miladinovski Skopje

Чествувањето ќе се одржи денеска (среда,12 ноември) во Спомен- собатата на Миладиновци во Библиотека, со почеток во 12.00 часот. За делото на Варошлија ќе говори Данило Коцевски, а фрагменти од неговото творештво ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Раскажувачот и романсиерот Бранко Варошлија роден е во Скопје на 1 јануари 1934 година. Тој е автор на книгата раскази Осамени минувачи и на романот Последниот лет на птицата селица. Книжевната критика неговите книги ги објаснува како дело напишано според највисоките стандарди на модернистичкото писмо. Пишувал и драми и книжевни критики. Работел како драматург во Македонскиот народен театар и како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1958 година. Добитник е на наградата „Рациново признание“. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56529

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Литература, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1