|

Промоција на електронски зборник “Симбиоза на планетата“ во Куманово

“Симбиоза на планетата“ е прв електронски зборник од ваков тип и е реализиран со самофинансирање.

simbioza na planetata

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово во четврток во 12 часот ќе биде промовиран првиот меѓународен електронски зборник “Симбиоза на планетата“, проект на клуб на книжевни творци “Симбиоза“.

Зборникот е ставен на цд и содржи над сто песни од 58 поети од земјава и странство. Во зборникот со свои твоби учествуваат поети од Македонија, Канада, Америка, Франција, Германија, Австрија, Бугарија, Србија, Хрватска и БИХ. Стручно жири ги избра  најдобрите и на нив ќе им бидат доделени награди. ККТ“Симбиоза“ го направи зборникот како еден вид културен подарок по повод 70 години ослободување на Куманово.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56531

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Литература, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1