|

Одбележување на Денот на писателите во затвор

Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН – “Поетики“ и „Разноликост“ – Колекција на поезија, фикција и есеј ќе го одбележат Меѓународниот ден на писателите во затвор на Меѓународниот ПЕН со завршниот дел од активностите под мотото „Ослободи го зборот“. На книжевен настан му претходеа два конкурса за најдобар есеј и најдобра песна.

denot_na_pisatelite_vo_zatvor_2014

Настанот ќе се случи денеска (12 ноември 2014, во 19 часот), во спомен собата на Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“.

ПРОГРАМА

Час по беседништво на тема „Слобода – страв – желба “.
Со свои беседи ќе настапат: Васко Маглешев (прва награда за есеј), Кристина Димова (втора награда) и Адријан Арсовски (трета награда)

„Освој ја поезијата“- поетско приквечерие на коешто свои стихови ќе читаат наградените поети: Александар Станојков (прва награда за песна), Игор Ивановски (втора награда), Елена Пренџова и Зорица Петкоска (ја делат третата награда).

Специјални  гости на вечерта се:  Линдита Кадриу, која ќе ја прочита пораката за слободата на изразот („Писателите го кажуваат тоа што го мислат“) и Зоран Анчевски, кој ќе чита своја поезија на протест.

Овој настан ќе го поздрави Катица Ќулавкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН.

Овој книжевен настан се приклучува кон фестивалот „Free the Word“, основан од Меѓународниот ПЕН, Лондон 2008 година.

Со овој свечен настан Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН уште еднаш ја потенцира и застапува потребата од слобода на говор, но преку ослободување на креативниот и убаво напишан збор, кој создава светови, надминува граници и збижува народи. Со овој свечен настан на кој му претходеше Конкурсот за беседи на тема „ Дигиталната слобода и писателот “, Поетики и Колекцијата и подкомитет Разноликост и официјално се приклучуваат кон фестивалот Free the Word кој во 2008 година во Лондон беше основан од Меѓународниот ПЕН. Фестивалот цели кон зближување на писателите од целиот свет за споделување на идеи и искуства, иницирање на интеркултурни дијалози за тоа како книжевноста може да се трансформира, влијае и постои, цели кон придонесување кон протокот на книжевноста низ светот преку превод и промоција на пишаниот збор, претставување пред книжевната публика на веќе докажаните, но и на новите писателски гласови. Цел на фестивалот е и  започнување на неизбежниот дијалог меѓу читателите и писателите.

Меѓународниот ден на писателите е основан на иницијатива на Комитетот на писатели во затвор при Меѓународниот ПЕН и традиционално се слави од 1981 година. Секоја година Комитетот на писатели во затвор преку своите проекти се обидува да ја зголеми јавната свесност за потребата од слобода на изразот и слобода на писателискиот збор. Во исто време Комитетот се залага за ослободување на сите писатели кои завршиле во затвор поради напишан збор.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56534

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Литература, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1