|

Концерт на етно групата „Монистра“ во Охрид

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание.

Monistra_-_Monistra

На 22 ноември (сабота) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид концерт ќе одржи етно групата „Монистра“.

Сите членови на групат се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот  Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56537

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Музика, Настани, Топ Вести. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1