|

Десет македонски автори се претставија на фестивалот „Паратисима“ во Торино

Десеттото издание на Паратисима Торино беше отворено за јавноста пет дена и привлече 82.814 посети.

festival_partissima_torino_2014

Селектираните уметници од Првиот саем на современа уметност – „Паратисима Скопје“, кои по учеството на саемот од 13-15 јуни во Младинскиот културен центар беа селектирани и наградени со учество на Паратисима Торино, се претставија со своите дела на десеттото издание на инернационалниот фестивал за современа уметност Паратисима Торино во Италија кој се оддржа минатата недела во периодот од 5 – 9 ноември.

Оваа година фестивалот се одржа на локацијата Торино Еспозициони (Torino Esposizioni) каде што се претставија 600 уметници, помеѓу кои и десетте селектирани автори кои беа селектирани од деведесетте учесници на првото издание на Паратисима Скопје.
Селектираните автори Борче Богоевски, Ана Лазаревска, Ненад Тонкин, Александар Дудески (Творница), Калина Брајковска, Драган Христов (Лудус), Николина Симовска (Џаст Бикоз/Just Because), Маја Кировска, Горан Менков, Ленче Андонова и Бојан Ивановски учествуваа со свои дела во уметничката поставка на Паратисима Торино но, и во секциите посветени на дизајн и моден дизајн.

За гостувањето на селектираните автори се погрижи здружението „Континео 2020“ од Скопје во соработка со асоцијацијата “Ylda“ од Торино. Соработката помеѓу Скопје и Торино продолжува кон второто издание на саемот за современа уметност Паратисима Скопје во 2015 година.

Short URL: http://arhiva.cooltura.mk/?p=56545

Posted by on Nov 12 2014. Filed under Настани, Топ Вести, Уметност. You can follow any responses to this entry through the RSS 2.0. You can leave a response or trackback to this entry

Leave a Reply

UA-20274170-1